Vrabotuvanje.com - ЕУРО ТАБАК ДОО
Share
Tweet
Share

ЕУРО ТАБАК ДОО

  • Address: Босна и Херцеговина бр.11а Бутел, 1000 Скопје

Vrabotuvanje.com - Еуро Табак ВРАБОТУВА: 6 слободни позиции

ЗА НАС

Со 15 години искуство во секторот на дистрибуција и продажба, можеме да ви гарантираме одлично позиционирање на пазарот на сите ваши производи.
 
 

НАШАТА ВИЗИЈА

Да бидеме претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.

НАШАТА МИСИЈА

Да работиме кон континуирано развивање на дистрибутивниот процес преку имплементација на најнови трендови и технологија од областа на продажба, дистрибуција и логистика.

Да одговориме на барањата на пазарот и да создадеме вредност за принципалите и клиентите преку инзворедна услуга и партнерски и принципиелен однос.

Континуирано да создаваме потреби кај нашите клиенти за купување производи со врвен квалитет.

Да работиме на континуиран раст и развој на нашите вработени, надоградување на нивните знаења вештини и способности потребни за исполнување на нашата визија и мисија.

Vrabotuvanje.com - Еуро Табак ВРАБОТУВА во Скопје, Кочани и Кавадарци

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Нашата компанија е заснована на цврести вредности, кои нè инспирираат да ги исполиме дадените цели и останеме фокусирани на нашата мисија.

  1. Луѓе
    Почит кон колегите, создавање на работна средина во која сите се вклучени, помош на другите да имаат добро резултати, придонес кон заедницата, соработка и позитивна работна атмосфера.
  2. Насоченост кон клиенти
    Посветеност на пружање на инзвонредна услуга на колегите и надворешните клиенти, разбирање и предвидување на потребите на клиентите, напор да се надминат очекувањата.
  3. Интегритет
    Однесување кое ги демонстрира етичките стандарди, доследност во активностите, методите на работа, принципите и вредностите.
  4. Професионалност
    Однесување со кое се покажува почит кон самите себе и кон другите како и свесност за влијанието кое нашето однесување го има врз другите. Да се демонстрира ефективност и ефикасност во сите интеракции.
  5. Континуирано подобрување
    Константен обид и стремеж кон подобрување на производите, услугата и процесите во работењето на Друштвото.
  6. Посветеност на квалитет
    Страст кон нашите производи, услуги и дејност, посветеност кон квлитетни процеси и услуги, постојано усовршување на процесите и услугите.

НАШИОТ ТИМ

Нашиот тим на раководство ги надгледува бизнис стратегиите во сите аспекти на работењето, обезбедувајќи ефективни резултати и имплементација на иновативни решенија во дистрибуцијата, логистиката, и продажбата.

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАШИОТ ТИМ

Нудиме конкурентни плати на сите наши вработени, како и шанса за проширување на вашето знаење и вештини во различни сектори.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more