Vrabotuvanje.com - ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ
Share
Tweet
Share

ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ

  • Address: ул.Перо Наков бр.25, 1000 Скопје

За нас

Elektroelement

Електроелемент е компанија специјализирана за трговија со електроматеријали, кабли, нисконапонска и високонапонска опрема, помошен монтажен прибор, светечки тела и сите видови извори на осветлување како и резервни делови за сите видови апарати за домаќинство.

Mисија

Основната мисија на Електроелемент е континуирано, во кратки временски рокови, со потребни материјали да ги снабдува  трговските фирми, индустријата, градежништвото, електростопанството, електромонтажата, јавните и комунални компании, а во исто време да нуди целосна стручна и техничка поддршка.

Точно две децении Електроелемент е компанија која поставува високи стандарди  во повеќе индустриски гранки и се имплементира на свој начин во економските структури на Република Македонија и пошироко.
Електроелемент е водечка компанија во набавката на електроматеријали, лидер во големопродажбата, трговец со најширока палета на производи на ова поле кај нас и пошироко.

Со цел комплетно делување во понуда на Електроелемент се резервни делови за електричните апарати, како и понуда на рачен и електричен алат и прибор. Солидни постигнувања има и во секторите железарија и хемија, како и црна и обоена металургија.

За Електроелемент нема тајни и во доменот на водовод, санитарии и керамика,а како најмлад сегмент е понудата на ХТЗ опрема од мошне реномиран светски добавувач.

Електроелемент поседува најголема инфраструктура и материјални ресурси во дејноста. Располага со современ деловен и магацински простор, средства за манипулација и брза испорака на стоката, а во плановите е инвестирање и во нови објекти кои како и досегашните ќе располагаат  со стручен и добро екипиран кадар, чија примарност е и ќе биде тимска работа и чиј императив е задоволството кај купувачите и во секој момент посветување внимание на потребите и на најспецифичните клиенти.
Како потврда за успехот на пазарот и фактот дека Електроелемент е едноставно партнер за 21 век се остварувањата во текот на двете децении на постоење. Електроелемент се пробиваше на пазарот во транзициони времиња и сепак оствари солидни постигнувања, што се секако извонредна гаранција за иднината.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more