Vrabotuvanje.com - ZSF KOM DOOEL
Share
Tweet
Share

ZSF KOM DOOEL

  • Address: Dzon Kenedi 2/1-1, 1000

Компанијата ЗСФ КОМ, во своето долгогодишно работно искуство има успешно инвестирано, проектиранo и изведено бројни проекти од областа на архитектурата и градежништвото.

Главни карактеристики во работењето на компанијата

  • одлична координираност и екипираност
  • добра организација при извршувањето на задачите
  • континуирана контрола за квалитетот на работење
  • индивидуален пристап на вработените кон зададените задачи
  • запазување на роковите

Високата стручна подготовка на вработените, постојаното усовршување и следење на стандардите, овозможија успешна реализација на проектите со посебни барања и високи стандарди.

Денес, користејќи ја техничко-технолошката структура, опремата со која располага, долгогодишното искуство, позитивното искуство со реномирани соработници и релевантни институции, компанијата е спремна да одговори на секое проектно барање во сите негови фази, од идеја до реализација.

ЗСФ КОМ е тим составен од професионални, вработени лица кои се стручни лица од повеќе области. Во процесот на реализација на проектите, тековно координира и менаџира високо специјализирани подизведувачи кои се долгогодишни соработници.

ЗСФ КОМ тежнее кон постојано проширување на своите активности и сопствени инвестиции и е во фаза на истражување и развој (со цел започнување на преговори во однос на воспоставување стратегии за партнерство) во следните области:

  • Термо енергетска изолација за максимално намалување на потрошувачката на електрична енергија
  • Градба на еко-објекти
     

"Тимот, предводен од Фатмир Етеми, вклучува високо образован и квалификуван кадар" 

Фатмир Етеми, Сопственик

 

СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА И СТАНИ ДЕЛ ОД ТИМОТ!

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more