Град Скопје на 12-ти март го објави јавниот повик за доделување субвенции за велосипеди.
Јавниот повик важи за купен велосипед од вчера до 30 јуни а на граѓаните ќе им бидат вратени 50 отсто од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 3.000 денари.
За оваа намена од буџетот на Град Скопје се одвоени 10 милиони денари што значи дека субвенционирани ќе бидат околу 3.300 граѓани.
Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот “прв дојден, прв услужен“, а едно лице ќе може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.
Кои се условите?
Барателот треба да е жител на Град, досега да нема добиено субвенции за набавка на велосипед од Град Скопје и велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на повикот.