Vrabotuvanje.com - Саник
Сподели
Tweet
Сподели

 

ЗА НАС

Саник Инженеринг е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн.           
             
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите.     

Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата. 

Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.

ПРОЕКТИ

Во своето богато портфолио, Саник Инженеринг има бројни проекти меѓу кои:

  • Станбена зграда Франце Прешерн;
  • Индустриско деловен објект бензинска пумпа Кадино;
  • Станбени објекти Манчу Матак бр. 35 и 37;
  • Станбен објект Мраморец;
  • Станбени објекти Кичвеска бр. 27, 29 и 36;
  • Станбен објект Ибе Паликуќа 7;
  • Станбено деловен објект Васил Ѓоргов 19.

​Тековни проекти:

  • Allure – ул. Ацо Шопов, населба Влае
  • Allure Complex-  ул. Ацо Шопов 2, населба Влае
  • Vesta – ул. Вангел Тодоровски, населба Аеродром
  • Quint- ул. Демир Трајко, населба Тафталиџе

​ВРАБОТУВАЊЕ

Како компанија којашто секогаш им стои на располагање на своите клиенти, негуваме култура каде вработените се секогаш на прво место за тие да ги третираат клиентите на ист начин. Цениме лојалност и посветеност, наградуваме добро завршена работа и инвестираме во својот човечки капитал. Доколку сакаш да ни се приклучиш и да станеш дел од тимот на Саник Инженеринг, испрати ја твојата кратка биографија преку полето за аплицирање на некој од активните огласи за вработување.
 



www.sanik.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде