ЧПП
Почетна >
Прашања од работобаратели:
Што треба да се направи за да се стане член во ЛАПВ Вработување.ком?
Потребно е да се достави Професионална Биографија и општо Насловно Писмо по маил, да се постави регистрација на нашата он лајн берза на труд www.vrabotuvanje.com.mk и пожелно е да се пополни интерен формулар за зачленување, при што се спроведува и поеднично интервју со секој нов член.Дали зачленувањето се плаќа и колку интервјуа обезбедувате за одредена сума за членството?
Зачленувањето со доставување на документи за аплицирање, кои се архивираат во базата на Вработување.ком, е без финансиски надомест за работобарателите. Финално интервју со работодавач се обезбедува само доколку тој ја селектирал биографијата на предложениот кандидат за следните чекори во процедурата.Дали Професионална Биографија и Насловно Писмо за зачленување треба да се изработи во вашата агенција?
Основен документ, потребен за наше посредување при вработување за работобарателите, е уредна и ажурирана биографија. Биографијата си ја изработува секој работобарател самостојно. Вработување.ком изработува Професионални Биографии, Насловни Писма и ги подготвува за интервју нашите членови само доколку тие побараат од нас како дополнителна услуга.Прашања од работодавачи:
Што ви треба како информација за да ми дадете предлог кандидати за работна позиција?
За да почнеме со процедура на регрутација и селекција за пополнување на одредена работна позиција, потребно ни е барање од клиентот – компанија. Во барањето, или најчесто користен интерен формулар на Вработување.ком за клиенти-компании се наведени квалификации и критериуми што ги подразбира описот на работното место во компанијата.Дали може да ми обезбедите кандидати за интервју за „вчера“?
Поради големата динамика на работниот ден на нашите клиенти и фокус кон клучните активности кои носат профит, одговорните лица за екипирање во компаниите често побаруваат многу куси рокови за испорака на нашата услуга - предлог на селектирани кандидати за финално интервју со нив. Вработување.ком се обидува да им излезе во пресрет на клиентите, но за да спроведеме професионална процедура и понудиме квалитетен избор на кандидати потребни се неколку работни денови.Дали вашата услуга за регрутација и селекција може да се плати со задржување на износ од плата на нововработен кандидат?
Вработување.ком својата услуга за посредување за вработување - регрутација и селекција на кандидати ја наплаќа исклучиво од клиентите-компании.

Поставете ваш оглас за работа








.bmp)