Ефективно користење на телефон
Телефонскиот повик е првиот контакт кој во најголемиот број на случаи го имате со вашите потенцијални клиенти, идни пријатели, сопатници итн.
Сите ние инвестираме многу време и пари во телефонски разговори.
Нашите први впечатоци за личноста од другата страна на телефонската линија се базираат на тие првични контакти, па најголемиот број на позитивни и негативни одлуки дали да продолжиме понатаму во комуникација со личностите од другата страна се базираат на тие иницијални разговори.
Од таму се поставува и прашањето, дали правилно и ефективно го користиме телефонот? Дали правилно се изразуваме, дали тонот со кој разговараме е пријатен, колку културни сме кон луѓето од другата страна на телефонската линија...??
Како човек што многу често го користи телефонот, можам да ви кажам дека ние многу малку знаеме правилно да го користиме и тоа е голем проблем. Во време на говорни пораки, зголемена говорна комуникација, безброј перформанси што ги нудат телефонските апарати, незнаењето на правилно користење е ГОЛЕМА ГРЕШКА! Без да навлегуваме многу во детали зашто е тоа така, би сакале да споделиме со вас совети за подобро користење:
- Да знаете зошто се јавувате пред воопшто да се јавите– имајте јасна визија зашто некому се јавувате и што сакате да постигнете со тој повик. Само така ќе зборите доволно долго колку што треба. Најчесто, сите разговори што ги правиме се предолги, само затоа што немаме јасна визија зашто се јавуваме
- Да знаете кому му се јавувате – направете некое истражување за личноста која сакате да ја добиете и со која сакате да зборувате. Само така ќе бидете пов еќе подготвени
- Поздравете и претставете се – „Добар Ден, Моето име е (име и презиме) и би сакал да зборувам со”.... За жал, кај нас скоро воопшто не се употребува ова. Да не спомнувам дека во најголемиот број на компании кога ќе се јавиш, ќе ве задоволат само со АЛО (како да се јавуваме кај нив дома, а не во фирмата)
- Внимавајте на тонот –внимавајте на тонот на вашиот глас (ако сакате истиот да ви биде пријатен, ви советувам – доколку не сте обучени за тоа, претходно да се смеете, па така ќе имате пријатен тон кој личноста од другата страна сигурно ќе го забележи)
- Употребувајте имиња – гледајте да го дознаете името на соговоникот (правилно да го изговорите) и употребувајте го често во текот на разговорот. Убаво е чуството од другата страна.
- Слушајте внимателно – внимавајте убаво на првите неколку секунди, од нив можете да дознаете многу. Тоа ќе го дознаете само ако слушате внимателно. Продолжете со активното слушањето во текот на целиот разговор, ем ќе бидете проактивни во разговорот, ем разговорот нема да трае повеќе од предвиденото
- Избегнувајте конфронтации – ако имате неубави информации или тежок случај за решавање, не го правете тоа преку телефон доколку тоа не е единствениот начин
- Бидете самоуверени, не агресивни – секогаш презентирајте ги вашите гледишта уверливо, позитивно, а не агресивно и негативно
- Пропуштени повици – одговорете на сите нив иако немате што ново да кажете или не сакате да се јавите. Не е убаво да избегнувате некого!
И многу други работи кои знаеме дека не треба да ги правиме, а ги правиме.
Напревете уште веднаш позитивна промена во вашите телефонски разговори ќе видите како на Вам и на Вашиот соговорник ќе му биде поубаво.
Со почит,
Тим на МАКЕДОНИЈА-ЕСКПОРТ


Поставете ваш оглас за работа







.bmp)