Додади во омилени! Мапа Чпп За нас Контакт Facebook Twitter
20.40.45 | 18.05.2012
СОВЕТИ
Почетна >Совети

ВОЛОНТИРАЊЕТОе начин да учиме и научиме без пари! Да размислуваме вака: доколку дводневен семинар на било која тема (менаџмент, маркетинг, финансии, администрација) чини од 6.900 до 9.200 денари, колку ние треба да платиме за да некој не научиШТО Е ВИСТИНСКА РАБОТА И БОРБА ЗА ПРОФИТ?Во секој случај многу повеќе ќе научиме него ли што ќе загубиме.

Категории на совети



Волонтирање


ВОЛОНТИРАЊЕТО е начин да учиме и научиме без пари! Да размислуваме вака: доколку дводневен семинар на било која тема (менаџмент, маркетинг, финансии, администрација) чини од 6.900 до 9.200 денари, колку ние треба да платиме за да некој не научи ШТО Е ВИСТИНСКА РАБОТА И БОРБА ЗА ПРОФИТ? Во секој случај многу повеќе ќе научиме него ли што ќе загубиме. Или претворено во пари, за 12.000 до 15.000 денари колку што ние би требале да земеме, а од кои доброволно ќе се откажеме, ние цел месец ќе учиме во живо како се прават пари од менаџментот, маркетингот, администрацијата. Најубавото е што не мора да платиме за тоа, туку само треба да прифатиме да ВОЛОНТИРАМЕ.


Лошо искуство со волонтирањето нема. НАЈЛОШО ИСКУСТВО Е ДА СЕ НЕМА ИСКУСТВО! Лошата приказна која во Македонија се врти, и која речиси секојдневно ја слушам е следната: работев два месеци и ме избркаа а не ми платија! Или многу често слушам за одредени фирми: остај ги тие, примаат вработени на два-три месеци пробно и после ги бркаат и земаат нови. А уште ако видиш дека менаџерот вози БМВ или мерцедес сликата за Македонија е подобра и од онаа на која го има Св. Канео и Охридско енѕеро во позадина.

Менаџерите-лажни ветувачи, се оние кои всушност го уништуваат неуништливиот мит за волонтерството (ако не ми верувате прашајте некои ваши роднини во странство да ви потврдат колку таму се цени и значи волонтерството, особено на повозрасни години). Овие менаџери кои лажат се опасни за нашата иднина и за иднината на ВОЛОНТЕРСТВОТО. Тие ветуваат плата а не ја исплаќаат, тие ветуваат пријавување а додека ви зборуваат сушат лажат. Значи разликата меѓу ВОЛОНТЕРСТВОТО и принудното волонтирање е огромна. При принудното волонтирање ние сме излажани и манипулирани. При ВОЛОНТИРАЊЕТО ние знаеме што да очекуваме, јасно знаеме колку ќе добиеме (0 денари или максимум трошоци за храна и превоз) и свесно, со своја лична одлука прифаќаме или не прифаќаме.


При разговорот со лажговците ние немаме избор: не наведуваат да веруваме дека се ќе биде супер, дека фирмата работи одлично, дека ќе напредуваме, дека ова-она. Ние едноставно барајќи работа сме пресреќни да чуеме дека се вработуваме во одлична фирма, со потенцијал и одвај чекаме да им се пофалиме на сите дека сме нашле работа. Првата плата ни е веќе потрошена на омилените или нужни работи. Малку поискусните или поточно изгорените затоа веднаш прашуваат колку се плаќа, или ја ценат фирмата по големината на огласот кој го дале, или пак со недовреба гледаат дури на вистинските понуди за одлична работа. Но ниедна техника од овие не е 100% докажана: може да ни ветат и 24.000 денари, но нема воопшто да стигнеме до платата иако веќе поминале три месеци и секој ден ни викаат ќе биде, само оној онаму од фирмата АБВ да ни префрли пари, а тие никогаш нема да стигнат... Или може огласот да е 1/4 или дури пола страна па пак да ни кажат жал ни е ама не се вклопувате во нашата фирма! А вие сте загубиле 3-5 месеци. Значи лоши приказни има колку сакаме, но нема ништо почисто од тоа да отидеме на оглас за волонтерска позиција, да ни ги кажат задачите и условите, да ни кажат дека ќе земеме 0 денари во првите три месеци и да прифатиме или неприфатиме. Тоа е убавата работа на волонтирањето: добиваме едно внатрешно чувство дека даваме дел од себе за да учиме.


Знам дека голем дел од читателите нема да се сложат со мене и ќе речат: ма ајде, јас немам леб да јадам или мене ме чекаат жена и деца дома а јас ќе работам за 0 денари; или пак ќе ми се смејат другарите; или пак јас вредам минимум 25.000 денари... Со некои од нив и ќе се сложам, но АКО НЕ ДАДЕМЕ НЕ МОЖЕМЕ НИ ДА ЗЕМЕМЕ! Што доколку фирмата која го бара тоа од нас е Пивара, Дневник, Тинекс или некоја идна фирма која ќе стане многу јака на пазарот? Да, голем дел од овие фирми се веќе доволно големи да плаќаат за секој вработен, но доколку сакаме да влеземе и да работиме за нив, понекогаш и вреди да се понудиме да работиме за 0 денари ама да знаеме дека сме работеле за една од најпознатите фирми во дејноста или во земјата. Е тоа работно искуство ќе привлекува внимание во вашата професионална биографија и ќе биде одлична одскочна даска за нашето идно вработување. Ако сме успеале да работиме за позната фирма, макар и за без пари, тоа е веќе некаков успех. Ако ништо друго ќе не викнат на интервју за да не прашаат зошто не работиме веќе таму или како успеавме да влеземе кај нив.


Од аспект на професионалната биографија (ПБ), ВОЛОНТЕРСТВОТО е света работа, осбено за оние понапредни, млади или обучени, прошетани менаџери. Човек кој волонтира е човек кој е спремен да учи. Ако е спремен да учи значи ќе учи и во нашата фирма. Значи дека не се преценува себе си. Има чувство за тоа што треба да направи за да успее во животот. Знае да даде за да земе. Ако ова ни се малку епитети и квалитети за само еден-два месеци волонтирање што може да ги добиеме од оние кои ги читаат нашите ПБ, тогаш дефинитвно не се разбираме и не сме на иста бранова должина. Да не се обидувам да ве убедам, нема да успеам и вие ќе си останете на вашето а јас на моето.


ПОДОБРО ВОЛОНТИРАЊЕ ОТКОЛКУ НИКАКВО ИСКУСТВО е мојата девиза. ПОДОБРО ПРОБНА РАБОТА ОТКОЛКУ НИКАКВА РАБОТА. Подобро да работиме отколку да седиме дома и да се жалиме колку не ни ја бива државава. На почетокот на нашата кариера, на нашите вработувања, најдобро е да не летаме високо и да прифаќаме се она што е во близина на нашата струка но и дури што е надвор од неа. Имам многу пријатели кои се сосема надвор од својата струка (музичар кој е води проекти за обука, доктор кој е проект менаџер) и навистина им е супер. Најдобро што можеме да направиме додека сме млади е да волонтираме и да работиме хонорарно. Ништо повеќе нема да ни помогне во животот одколку тие искуства. На крајот на денот, што ќе ставиме во нашата ПБ? Дека сме искачале во таа и таа кафана или кафич? Дека сме киснеле на комјутер да играме игрици? Дека сме се дрогирале? Дека сме имале одлични другари и сме играле секој ден фудбал и кошарка? Дека многу женски сме бркале? Дека гледаме формула 1? Дека возиме ново пежо 307? Дека сме многу паметни?

Во нашата ПБ ќе има тоа што ние ќе одлучиме да има додека учиме и студираме:
1. Просек на оценки во средно од 5.00. Тогаш зошто не сме продолжиле да студираме? Дали татко ви или мајка ви е професор или влијателен доктор или богат бизнисмен?
2. Просек на факултет од 9.5? Дали имате практично искуство? Дали татко ви или мајка ви е професор или влијателен доктор или богат бизнисмен?
3. Сте магистрирале? А сеуште ништо не сте работе? Тогаш сте преквалификуван и ќе барате преголема плата. Нашата фирма сака само со завршен факултет.
Мили мои, железото се кова додека е жешко а ние го обезбедуваме нашето идно вработување додека учиме или студираме.


Јован Маџовски, обучувач за човечки ресурси
Славица Трајковска, управител e-mail: slavicat@vrabotuvanje.com.mk
Катерина Маџовска, Web администратор & Асистент за посредување при вработување e-mail: katerinam@vrabotuvanje.com.mk
Марија Јовановска, Психолог & Асистент за посредување при вработување marijaj@vrabotuvanje.com.mk
Прегледајте огласи за работа
и-Маркетинг
Podarete nasmevka
Synapse group
Pro credit
Rudine

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

PREKOVEZE
ПСМ Фондација

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Prekoveze
menslegis
JobTiger
Контакт
Адреса:Васил Ѓоргов 24-1/5, 1000 Скопје
Телефон:+389 (2) 3213 065
Мобилен: 071305 939
Факс: +389 (2) 3230 091
Copyright @ Vrabotuvanje.com, 2012 All right reserved
Developed by: Synapse