Vrabotuvanje.com - Меркур Македонија ДОО
Share
Tweet
Share

Меркур Македонија ДОО

Историја на компанијата

Почетоците на компанијата датираат од 1896 година кога словенецот Питер Мајдич, трговец и индустријалец, ја основал Велетрговина Меркур, а токму името Меркур го избрал поради римскиот бог Меркур, кој се смета за заштитник на трговците.

Ние, како Меркур Македонија ја продолжуваме 120 годишната словенечката традиција на македонскиот пазар повеќе од 30 години, а нашиот малопродажен центар на површина од над 3000 м2, постои 15 години во Скопје Во нашето портфолио имаме над 45.000 производи, кои се достапни и онлајн преку електронска продавница, со достава до сите населени места во Македонија.

Малку компании во Македонија можат да се пофалат со толку широк асортиман, со толку богата историја, разновидност во понудата, проверено европско потекло на производите, квалитет и силен бренд.

Понудата на Меркур опфаќа широк спектар на производи: за градење, за уредување на домот, за реновирање или одржување, за мајсторски вештини и проекти, за функционален дом, производи за забава, за кулинарски мајстории и сервирање, за беспрекорен двор, за декорација и подарок, како и производи за удобно и квалитетно живеење.

Со слоганот ,,Меркур и сѐ е средено’’ нашите клиенти ги запознаваме со богатото портфолио, а воедно ја поврзуваме историјата на брендот и креативноста на секој поединец. Во Меркур веруваме дека можете да најдете сѐ што ви е потребно, за вашата компанија, за вештите мајстори како и производи за Вашиот дом и градината.

Мисија

Целта ни е да создадеме модерна организација, со пријателска и креативна средина за вработените, со јасни одговорности за постигнување на целите, преку обезбедување на континуирана едукација, дружење и настани, кои ќе овозможат корпорациски и личен развој на секој поединец.

Целата ни е да создадеме нови ,,дестинации” во работењето, за да понудиме уште подобра услуга, квалитет и модерен дизајн, преку внимателно одбран асортиман на производите. Само на тој начин ќе можеме да ги исполниме очекувањата и да обезбедиме задоволство на вработените, купувачите и деловните партнери.

Визија

Додека продолжуваме по нашата патека, остануваме посветени на вредностите што не водат и до сега. Со неодолив фокус кон иновацијата, интегритетот и квалитетот, сме подготвени за следното поглавје  на нашето работење, креирајќи ја иднината на трговијата за поколенијата што доаѓаат.

Нашите вработени

Секогаш на прво место ни e безбедноста и здравјето како и заштитата при работа на нашите вработени. Како компанија водиме постојана грижа за развојот на вработените, за нивно тимско работење и дружење. Доколку сте ориентирани кон тимска работа, доколку сте амбициозни и енергични, Меркур, ви дава шанса за личен напредок, проширување на вашето знаење и вештини во различни сектори.

Како компанија ја негуваме меѓусебната соработка на вработените, и се залагаме за создавање за пријатна работна средина, со почит кон сите работни места и сите процеси во компанијата, што во суштина и ја креираат целината и брендот на Меркур.

Меркур и Вие и ,,Меркур и сѐ е средено’’

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more