Vrabotuvanje.com - ВИВАКС ДОО
Share
Tweet
Share

ВИВАКС ДОО

Нови слободни позиции во ВИВАКС: Бараме РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО  и ИНЖЕНЕР МИКРОБИОЛОГ

Нашата мисија започна уште во далечната 1994 година. Од зрно прераснавме во квалитетен плод – познат бренд не само на македонскиот, туку и на регионалниот пазар. Најдоброто од природата го произведуваме и го пакуваме со многу љубов за да го испорачаме директно до Вас.

Денеска Вивакс е компанија која има најсовремена технологија, постојано вложување во модернизација на производствените процеси, современа организациона структура и тим кој брои повеќе од 80 вработени. Фабриката се наоѓа на локација со вкупна површина од околу 50.000 метри квадратни.

Секој нов чекор на компанијата и достигнат успех е резултат на успешното функционирање на целиот тим, вербата во заедничката работа и на позитивната енергија.

Мисија и цели

  • Постојано идентификување и задоволување на потребите и желбите на нашите целни групи, со континуирано следење на технологијата, трендовите на пазарот, истражувања на пазарот како и континуирано воведување на иновации за целосно задоволување на крајните купувачи.

  • Стремеж кон постојано обновување и унапредување на нашиот дистрибутивен канал кој ќе придонесе за поголемо задоволство кај нашите клиенти и партнери.
  • Односот којшто го имаме со нашите добавувачи да се темели на меѓусебна и тимска соработка.
  • Набавка на висококвалитетни стандардизирани репроматеријали кои придонесуваат за производство на висококвалитетни финални производи.
  • Врвен квалитет во сите области почнувајќи од суровините, производството, маркетингот, дистрибуцијата па сé до продажбата.
  • Перманентна обука на кадарот на сите нивоа; постојана поддршка, грижа и доверба, овозможувајки им така да ги развиваат своите индивидуални способности и да имаат напредување во кариерата со што ќе придонесат и за целокупниот квалитет во работењето.
  • Водење грижа за подобрување на условите за работа, опремата и нивото на знаењата на вработените како и заштита на животната средина.

ВИВАКС има потреба од РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО

Кариера во Вивакс

Тим од стручни, посветени и високо мотивирани кадри се клучот за успех на нашата компанија. ВИВАКС нуди работни позиции во високо мотивирачка и здрава работна атмосфера, со можност да ја истакнете вашата креативност, во компанија каде клучна алатка е тимскиот дух и можноста за напредување и лично усовршување. Вработувањето на најдобрите кадри е наш клучен приоритет.
 

Доколку Ве привлекува динамична работна средина и доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, следете не и аплицирајте на некоја од слободните позиции.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more