Vrabotuvanje.com - РЖ ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА АД
Share
Tweet
Share

РЖ ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА АД

  • Address: 16 -та Македонска бригада бр.18 Г.Баба, 1000 Скопје

РЖ Техничка контрола е основана во 1965 година, како дел од Рудници и Железарница "Скопје", како Централна лабораторија за хемиски и механички испитувања во областа на металургијата. Основната активност на РЖ Техничка контрола уште од почетоците била утврдување на квалитетот на металуршкото производство на челик.

Визија: Визијата на РЖ Техничка контрола е да стане позната лабораторија за хемиска, металуршка и механичка
анализа и анализа без разрушување на метали, метални делови и конструкции.

Мисија: Мисијата на РЖ Техничка контрола е да влијае на квалитетот на металуршките производи и на безбедноста на металните конструкции вградени во овие производи со прецизна и навремена анализа.

РЖ Техничка контрола има 89 вработени, меѓу кои 19 инженери од областа на металургијата,технологијата, хемијата, физиката, машинството, електротехниката итн.

Хемиска лабораторија

Во нашата хемиска лабораторија вршиме испитувања на:

  • минерали и руди
  • метали
  • легури
  • горива
  • мазива
  • почви и ѓубрива
  • отпадни материјали

За да прочитате повеќе за нашата Хемиска лабораторија, кликнете тука.

Механичка лабораторија

Во лабораторијата за механички тестирања, се тестираат механичките и технолошките
карактеристики на материјалите со дебелина од 0,4 mm до 100 mm.

Механички тестирања:

  • цврстина на истегнување
  • способност за свиткување
  • енергија на удар
  • тврдина итн.

За да ги видите сите наши механички тестирања, кликнете тука.

Металографска лабораторија

Neophot 32Металографски испитувања:

  • сегрегација во материјалот
  • степен на нечистотии
  • големина на зрна итн.

За да ги видите сите наши металографски испитувања, кликнете тука.

Лабораторија за испитувања без разрушување

Во лабораторијата за испитувања без разрушување се извршуваат секаков вид на испитувања без разрушување со користење на следните методи:

  • ултразвучно испитувањеKraut Krammer
  • радиографија
  • испитување со пенетранти
  • испитување со магнетни методи итн.

За да прочитате повеќе за нашата лабораторија за ИБР, кликнете тука.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more