Vrabotuvanje.com - ОРБИКО ДОО
Share
Tweet
Share

ОРБИКО ДОО

  • Address: ул.Борис Трајковски бр.286 К.Вода, 1000 Скопје

ОРБИКО ГРУПАЦИЈА


Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за нега и убавина, прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки, текстил, цигари, моторни масла и многу други производи. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.

Нашата цел е да генерираме одржлив раст на бизнисот и да создадеме додадена вредност за нашите деловни партнери и за брендовите во нашето портфолио. Нашите клиенти се сите релевантни и реномирани учесници на пазарот кои се движат од големи мултинационални синџири, локалните малопродажни синџири, продавници на големо, аптеки, независни локални трговци, B2B претприемачи и специјализирани продажни канали. Затоа, Орбико е партнер кој најдобро ги задоволува потребите на нашите деловни партнери со оптимална мешавина на придонесот од производи, услуги, флексибилност и локална експертиза.

Со тим од страстни професионални експерти, ние нудиме целосни и сеопфатни бизнис решенија за продажба, логистички услуги, маркетинг услуги и управување со брендот, за сите брендови во нашето портфолио. Во нашиот бизнис ние се водиме од нашата визија, мисија, принципи и вредности.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more