![Михаил има две години, од Струмица е и веќе работи и заработува!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/80/23bb5208-resize-820x0x100.jpg)
Малиот Михаил Михаилов од Струмица, наскоро ќе наполни две години а веќе е најбараното бебе манекен во Македонија од најголемите брендови за позирање. Тој всушност е најмладиот манекен во Македонија, а ниту една од компаниите со кои Михаил е во соработка не кријат дека се презадоволни од соработката и сите стојат на ставот дека Михаил го очекува светла иднина во манекенството.
Тој на седум месечна возраст беше избран за заштитно лице на „БЕКУТАН“ влажните марамчиња и оттогаш почнува неговото официјално дружење со фотографиите. Учествува на најразлични фотосесии за повеќе производи и со повеќе македонски брендови. Како што спомнавме, Михаил има соработувано со „Бекутан“, македонскиот бренд „Тила“, „ИД ТРИТЕКС“ – македонски бренд за облека.
На 07.07.2018 год. ќе наполни две години, а по навршување на четири годинки Михаил ќе има многу повеќе ангажмани со одредени фирми со кои веќе има преддоговори.
strumicadenes.mk