Сингапур, Данска и САД се најдобрите места во светот за водење бизнис, покажа истражувањето за рангирањето на бизнис средината на Economist Intelligence Unit.
Сингапур и понатаму е најдобра географска локација за бизнис, како што беше случај и во последните 16 години, се вели во извештајот. Факторите кои ја дефинираат оваа држава како водечка бизнис дестинација во светот се политичката стабилност и фокусот на помагање на домашните компании од приватниот сектор да се унапредат технолошки.
Рангирањето на EIU ја проценува атрактивноста за водење бизнис во 82 земји територии,а се мери на основа на индикатори како што се инфлацијата, трошоците за живот, економскиот раст и фискалната политика.
Анализата, исто така, дава увид во тоа кои економии се подобро позиционирани за раст од другите и ефикасен начин да се идентификува каде наскоро може да дојде до пораст на инвестициската потрошувачка, велат аналитичарите на EIU.
На второ и трето место се Данска и САД. Данска има цврсти макроекономски основи и високо квалитетна транспортна и дигитална инфраструктура, па затоа претставува една од најдобрите ,локации за бизнис во светот.
Пазарните прилики ќе останат поволни и во САД, посебно со неколкуте ограничувања за надворешната трговија и инвестициите во САД. Се предвдува дека Сингапур, Данска и САД ќе имаат најдобра бизнис средина и во наредните пет години.
Германија и Швајцарија ја заокружуваат првата петорка, а втората ја сочинуваат: Канада, Шведска, Нов Зеланд, Хонгконг и Финска.