Vrabotuvanje.com -
Сподели
Tweet
Сподели

Што се Зачувани пребарувања?

Во профилот има рубрика Зачувани пребарувања во која се наоѓаат различни огласи. Што точно претставува таа рубрика?

Вработување на сите корисници кои бараат работа им ја нуди опцијата „Зачувани пребарувања“ која во голема мера го олеснува прегледот на понудени работни места на порталот. Доколку ве интересира одредена категорија на работни места или работно место според местото на живеење пребарувањето може да го ограничите според тие критериуми и така да ја пронајдете посакуваната работа, како и да го подобрите и олесните пребарувањето и пријавувањето на огласи, и истото пребарување може да го зачувате на вашиот профил. Следниот пат кога на порталот ќе се објави оглас кој одговара на вашето пребарување, системот автоматски ќе ве извести со електронска пошта. Исто така, доколку веќе сте се пријавиле на некој оглас, имате опција системот да ве извести кога ќе се појави сличен оглас. На овој начин, никогаш нема да пропуштите конкурс кој можеби ви одговара токму вам!

Како може да се активира услугата Зачувани пребарувања?

Сакам на мојата електронска пошта да добивам известувања за нови работни места. Како може да се активира оваа услуга?

Зачувани пребарувања може да креирате на неколку начини:

  1. Во пребарувачот на насловната одберете ја категоријата и локацијата на работно место и кликнете „пребарај“.Во десната колона ќе ви се прикажат критериумите кои што сте ги избрале и кликнете на „зачувај“ за да го креирате зачуваното пребарување.
  2. Во пребарувачот на насловната, со избор на категоријата и локацијата, може да го внесете името на компанијата (во која сакате да работите) или името на работната позиција (за која барате вработување).
  3. Преку деталниот пребарувач може самостојно да ги одберете различните критериуми според кои сакате да добивате известувања на вашата електронска пошта.
  4. Кога се пријавувате на оглас може да го означите полето „Извести ме кога ќе се појави сличен оглас во иднина“.На овој начин креирате зачувано пребарување врз основа на критериумите поставени во тој оглас (локација/локации, категорија/категории и позиција)

Погледнете ги критериумите за зачувани пребарувања на својот профил.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде