Vrabotuvanje.com -
Сподели
Tweet
Сподели

Адреса на електронска пошта на работодавачот во огласот

Каде во огласот на Вработување може да се види адресата на електронската пошта на примателот – компанијата која го објавила огласот?

Во сите огласи на Вработување повеќе не може да се види адресата на електронскат пошта на примателот, сите пријавувања на огласи ги проследува нашиот систем. Кога се пријавувате на оглас, кликнете „Пријави се на оглас“ на крајот на огласот, следете ги чекорите за пријавување (пополнете ги задолжителните полиња, приложете биографија) и на крајот кликнете „Пријави се на оглас“.

Приложи повеќе документи при пријавување.

Како може да се испратат два или повеќе документи истовремено при пријавување на оглас на Вработување?

Со отворање на корисничка сметка на Вработување имате опција да го уредите вашиот профил во кој има опција за биографија или додавање надворешни документи кои подоцна може да ги испратите до работодавачите без притоа да мора постојано да ги приложувате од вашиот компјутер.  Исто така, некои од водечките работодавачи во Хрватска ја пребаруваат базата на профили/биографии на баратели на работа на Вработување. Со квалитетно уреден профил/биографија ги зголемувате вашите шанси за побрзо наоѓање на работа.

Потврда за пријавување на Вработување

Како може да бидам сигурен/на дека мојата апликација на оглас на Вработување е успешно испратена?

Откако ќе ја испратите пораката на вашата електронска пошта ќе пристигне автоматизирана порака која служи како потврда дека вашата пријава е уредно доставена. Исто така, извештај за поднесените апликации може да видите и во корисничката сметка со кликнување на иконата „Апликации“.

Неможност да се пријавите на оглас

Се обидувам да се пријавам на оглас со пријавување на порталот Вработување, меѓутоа никако не ми успева. Каде е проблемот?

Потенцијалниот проблем може да биде во следното:

  1. Верзијата на Интернет прелистувачот што ја користите не поддржува ваква активност, па обидете се да го надградите вашиот прелистувач со понова верзија или обидете се да се пријавите на оглас преку друг прелистувач (Mozilla Firefox, Google Chrome, итн.).
  2. Можно е по грешка да не сте ги пополниле сите задолжителни полиња во пријавата, особено ако огласот има прашалник, па уште еднаш проверете дали сте ги исполниле сите потребни полиња.
  3. Ако се пријавувате на оглас од деловен компјутер, обидете се истото да го направите од приватен компјутер.
  4. На оглас на Вработување може да се пријават само регистрирани корисници. Ако немате корисничка сметка, регистрирајте се за да може да се пријавите на саканите огласи.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде