Vrabotuvanje.com - КД Фондови АД
Сподели
Tweet
Сподели

КД Фондови АД

  • Адреса: бул. Партизански одреди бр.14A, влез 1, кат 2/2, Скопје-Центар

КД Фондови АД Скопје е членка на групацијата KD Group, која се вбројува помеѓу големите бизнис групации во Словенија и се развива во значајна компанија во регионот на Средна и Југоисточна Европа. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Компанијата мајка ги носи одлуките за сите значајни стратешки вложувања. Во 2014 година KD Group ја прослави својата дваесетта годишнина.

Клучни деловни активности:
  • Управување со инвестициски фондови
  • Осигурување
  • Финансиски услуги и управување со недвижен имот​

По повеќе од една четвртина век, КД Фондови станува дел од меѓународната Групација Generali. Generali е независна групација за осигурување и управување со средства, основана во 1831 година, присутна во повеќе од 50 земји, со 71.000 вработени. Во 2017 година таа достигна 68 милијарди евра премии и 487 милијарди евра средства на управување. Според Fortune Global 500 извештајот, таа е една од 60-те најголеми светски компании. Резултатите од индексот произлегоа од анализата на продажбата, профитот, средствата и пазарната вредност. Generali Investments CEE е дел од Групацијата Generali и е најголемата компанија за управување со средства во Централна и Источна Европа со речиси 17 милијарди евра средства на управување.

Мисија

Ние веруваме дека секој човек е способен да управува добро со парите и да користи современи финансиски продукти.
Нашата цел е да помагаме во развивањето на тоа чувство на верба во сопствените способности.

Визија

Да бидеме препознатливи како доверлив партнер, чиишто услуги се прилагодливи на потребите на одделниот клиент, во зависност од неговата специфична  животна ситуација и индивидуални карактерни особености.

Вредности

Членовите во нашиот тим се одликуваат по својата професионална компетенција и личен интегритет, како темелни вредности за градење на позитивен однос со колегите, клиентите, сопствениците, регулаторните институции и пошироката општествена јавност.  

 

БИДИ ВО ТЕК СО СИТЕ АКТИВНИ ОГЛАСИ ОД КД ФОНДОВИ АД - СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде