Vrabotuvanje.com - Kaiser Marketing
Сподели
Tweet
Сподели

Kaiser Marketing

  • Адреса: ul.Mitropolit Teodosij Gologanov br.28 kat 1, lokal 14 i 15, 1000 Skopje
  • Веб страна: /

Во Kaiser Marketing се работи тимски, се споделуваат заеднички вредности, компанијата охрабрува професионален раст и развој на своите вработени, поддржувајќи ги во секој аспект од нивниот кариерен и личен развој. На своите агенти, компанијата им нуди фиксна плата од 500 евра плус бонуси, неограничена можност за заработка која зависи од нивната мотивираност и амбиции

Запознајте ги Kaiser Marketing: Тим од 35 вработени кои нудат маркетинг услуги на германскиот пазар

Kaiser Marketing е  компанија чија мисија е континуирано обезбедување поддршка на растот и успехот клиентите, преку исклучително лидерство во компанијата и врвна грижа за корисниците.

Компанијата нуди маркетинг услуги на германскиот пазар и работи исклучиво со германски клиенти.

Секоја услуга која ја нуди Kaiser Marketing е обезбедена од тим од  професионалци и е во согласност со најновите светски трендови во телемаркетингот.

Како маркетинг агенција на македонскиот пазар постои од април, 2019 година. За само неколку месеци Kaiser Marketing прерасна во тим од 35 вработени, кој со ентузијазам и посветеност го дава најдоброто од себе во работата со клиенти и телефонски услуги.

Преку постојано подобрување и креативно размислување, тимот на Kaiser Marketing може лесно да се прилагоди на брзорастечките индустрии и да изгради ефикасна стратегија за секоја компанија.

КАРИЕРА ВО KAISER MARKETING

Во Kaiser Marketing работиме тимски, споделуваме заеднички вредности, охрабруваме професионален раст и развој на нашите вработени, поддржувајќи ги во секој аспект од нивниот кариерен и личен развој.

Во нашиот тим се добредојдени кандидати кои сакаат максимално да ги искористат бесконечните можности на Kaiser Marketing. Обезбедуваме околина каде што ќе може да напредувате.

На своите агенти, им нудиме фиксна плата од 500 евра плус бонуси, неограничена можност за заработка која зависи од нивната мотивираност и амбиции. Компанијата ги исполнува сите законски обврски кон вработените, истите имаат право на зимски и летен одмор во траење од по две недели.

Иако сме млада компанија, веќе имаме традиција на прогласување работник на годината, кој го наградуваме за неговата успешност и придонес во работењето на компанијата. Со оглед на тоа што нашиот тим значително порасна, а имаме многу кандидати кои ја заслужуваат оваа титула, од годинава оваа бројка ќе ја зголемиме на тројца најдобри вработени.

Целта на овој избор е да ги наградиме најдобрите и да ги мотивираме сите останати членови на тимот, затоа што за нас секој е подеднакво важен! Ние знаеме дека нашиот успех зависи од посветеноста и задоволството на нашите вработени, затоа се трудиме да обезбедиме стимулативна професионална околина, во која секој е почитуван и соодветно вреднуван.

САКАШ ДА СТАНЕШ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА KAISER MARKETING?

Еве како – само треба да имаме иста цел – да бидеме максимално посветени и мотивирани да им обезбедиме најдобри решенија и врвна услуга на нашите клиенти!

Контактирајте не на: info.kaisermarketing@gmail.com 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде