Vrabotuvanje.com - КОЛА ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели

КОЛА ДООЕЛ Скопје

  • Адреса: Качанички пат бр.254, 1000 Скопје


​НАШАТА ПРИКАЗНА

КОЛА започна како мала фамилијарна компанија во 1992 година, со визија да стане најдобра дистрибутерскa куќa во регионот - најдобро организирана, со најсовремени софтверски решенија, лидер во воведувањето на светските новитети. Уште на самите почетоци КОЛА го избра квалитетот како единствена мерка за успех.

​Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, КОЛА денес е компанија која ги поместува границите на регионалниот пазар.​

Своето долгогодишно искуство КОЛА го пренесе и на компанијата ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК, која од 2010 година самостојно функционира во истата дејност.​

 

 

WE DELIVER THE BEST TO THE BEST

За навремена достава е задолжена компанијата КОЛА ЛОГИСТИКА, која работи in-house за компаниите КОЛА и ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК. Целосната дистрибуција е организирана од централниот магацин во Скопје и секојдневно се врши со 39 товарни возила, од кои 18 комбиња и 21 камион.​

Ние не сме различни во она ШТО го правиме, 
но се разликуваме според начинот КАКО го правиме тоа.​


КАРИЕРА ВО КОЛА

Без оглед на Вашата работна позиција, ние во КОЛА веруваме во Вас и во Вашата способност и желба да учите и да се развивате. Ние Ви овозможуваме да ги изразите своите способности и компетенции и Ве предизвикуваме да бидете иновативни и одговорни за вашите задачи. Ќе Ви помогнеме да се развивате преку обука, едукација, давање повратна информација и внатрешни унапредувања.​


​ШТО НУДИМЕ НИЕ?

Работна атмосфера која инспирира идеи, задоволство и успех.

Како компанија со големо искуство го разбираме значењето на човечкиот капитал и успешното справување со работните задачи. Се грижиме за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување.
 

НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ ЗА КОЛА


Стефан Комненовиќ, Работник во магацин

КОЛА е една од најдобрите дистрибутерски
компании во нашата држава каде вработените
се охрабрени да размислуваат и да даваат предлози.
Во КОЛА научив многу работи од претпоставените
и колегите, а најважно од се, научив за тимска
работа, која во КОЛА е на високо ниво.

*****

Сашко Колевски, Front Line Sales Менаџер

КОЛА за мене претставува компанија каде
имам можност да учам, да превземам одговорност
и компанија која посветува големо внимание на 
своите вработени. КОЛА ми помогна да се развијам
и да станам доволно подготвен за предизвиците кои
ги носи секоја нова позиција. Во КОЛА научив да ги
исполнувам целите во било која работна средина и
да одговорам на секоја индивидуална обврска
покажувајќи тимски дух.

*****

Марина Лозанова, Key Account Developer

За мене КОЛА претставува успешна компанија
која ги вреднува и почитува своите вработени,
овозможувајќи им можност за напредок во
кариерата. Во КОЛА научив колегијална и
тимска работа во пријатно работно опкружување.

*****


Горан Јовановски, Контролинг менаџер

КОЛА е компанија која нуди сигурност,
мотивираност и креативност. Компанијата
се залага за своите вработени, ги поддржува
нивните идеи и иницијатива и оди во чекор со
најновите трендови во својата област
овозможувајќи им на вработените полесно
и поефикасно да ги извршат своите задачи.
Во КОЛА научив дека вложениот труд не останува
непрепознаен, туку истиот е адекватно награден.
Би ги издвоил и дополнителните едукации,
работилници, тренинзи и обуки кои им помагаат
на вработените да се усовршат на професионален
план, со што подоцна би дале уште подобри резултати
во работата. Секако, унапредувањата на работните
позиции се значаен дел од целиот тој процес.

*****

МОЖНОСТ ЗАЕДНО ДА ЈА ГРАДИМЕ ВАШАТА КАРИЕРА

Нашата цел е да ги избереме вистинските луѓе на вистинското работно место.

Можеби вие сте вистинскиот кандидат!
 

ВРЕДНОСТИ КОИ ГИ НЕГУВАМЕ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде