Vrabotuvanje.com - Млекара АД Битола
Сподели
Tweet
Сподели

Млекара АД Битола


Со традиција уште од 1952 година, Млекара АД Битола денес е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Р. Македонија, задоволувајќи ги секојдневно потребите на повеќе од милион потрошувачи.

Токму потрошувачите се во фокусот на деловната стратегија на компанијата. Од нивните желби и потреби започнуваат сите деловни процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството.

Следењето на светските трендови, како и инвестициите во нови софистицирани технологии со целосна посветеност на безбедноста и квалитетот на производите и производствениот процес, овозможија проширување на асортиманот и креирање на производи кои што ја потврдуваат лидерската позиција на нашата компанија во индустријата за млеко и млечни производи.


Компанијата поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната средина ISO 14000 и е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е доказ за врвниот квалитет на нашите производи. 


Со имплементацијата на сите овие стандарди Млекара АД Битола обезбедува висококвалитетни и безбедни производи за илјадниците потрошувачи кои дневно ги користат нејзините производи. Токму затоа континуираното унапредување на квалитетот и безбедноста на храната, притоа водејќи грижа за зачувување и подобрување на животната средина, претставува основна цел и врвен приоритет на компанијата.

За успехот на една компанија, покрај деловниот резултат, говори и нејзиниот активен придонес кон развојот на општествената заедница. Хуманитарната акција „Прегратка на дар“ на Млекара АД Битола е добитник на домашна награда и на меѓународно признание за најдобра општествена практика во категоријата големи компании од Иницијативата „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“ во Брисел.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде