Vrabotuvanje.com - Дипломиран Фармацевт - Скопје - Виола Аптекa

Дипломиран Фармацевт

Скопје

Рок за пријавување:

  • Виола Аптекa

 

"Виола" Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Од своето основање во 1992 год., компанијата бележи континуиран развој. Визијата да понудиме комплетна услуга на граѓаните, ја реализиравме со фунцкионирањето на двете компании: "Виола" Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд.

Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на нашиот тим на фармацевти и доктори.

Повелете, ние сме тука да Ви помогнеме да живеете поздраво и поквалитетно!

Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:

Дипломиран Фармацевт


Потребни квалификации:

  • ВСС – Дипломиран фармацевт (со лиценца за работа)
  • Претходно работно искуство во аптека од најмалку 1 година
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office.

Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење
  • Развиени комуникациски вештини
  • Стручност и елоквентост
  • Диманичност и креативност
  • Организираност, самоиницијативност

Што нудиме:

  • Можност за професионален развој и надоградба
  • Солидни месечни примања + бонуси во согласност со постигнатите резултати

Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци, Ве покануваме да аплицирате.

Вашата Професионална Биографија (CV со задолжителна фотографија), доставете ја
користејќи го полето „Аплицирај“ со назнака на апликацијата
„За оглас – Дипломиран Фармацевт“.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде