Vrabotuvanje.com - Маркетинг и продажба - Скопје - Facility Management Services dooel

Маркетинг и продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Facility Management Services dooel

 
Фасилити Менаџмент Сервицес дооел - Скопје, компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.
 
Поради проширување на дејноста Фасилити Менаџмент Сервицес објавува оглас за вработување на позиција за:
 
Маркетинг и продажба
 
Задачи и одговорности
  • Водење на маркетинг активностите на компанијата
  • Развој на маркетинг стратегија во согласност со компаниските цели
  • Координација на маркетинг и продажни активности
  • Планирање и имплементација на промотивни кампањи
  • Следење и известување на ефективноста од маркетинг комуникациите
  • Поготовка на деловни понуди
  • Блиска соработка со маркетинг и PR агенции
  • Генерирање и аквизиција на нови клиенти
  • Усна и писмена кореспонденција со клиенти
  • Грижа за корпоративните клиенти
  • Градење и одржување на професионален однос со клиентите
  • Развој и одржување на продажната мрежа 
  • Изработка на агенда  и извештај за дневните активности
  • Извршување на дополнителни активности согласно потребите на компанијата
  • Изразени  организациски, комуникациски и презентациски вештини
  • Ориентираност кон остварување резултати
  • Професионалност, одговорност и лојалност
Квалификации
  • ВСС - Економски факултет 
  • Фокусираност на резултати
  • Аналитичка способност
  • Добри комуникациски и организациски способности
  • Задолжително познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Мотивираност за работа во динамична средина
  • Претходно работно искуство  во продажба ке се смета за предност
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Аплицирај, со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.
 
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде