Vrabotuvanje.com - Медицински претставник - Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Ресен - НОБЕЛ ИЛАЧ Санајии ве Тиџарет А.Ш

Медицински претставник

Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Ресен

Рок за пријавување:

  • НОБЕЛ ИЛАЧ Санајии ве Тиџарет А.Ш

Фармацевтската компанија НОБЕЛ ИЛАЧ Санајии ве Тиџарет А.Ш, со главно седиште во Р. Турција, има долгогодишно работно искуство во фармацевтската дејност, фабрики за производство на лекови во 3 земји, над 20 претставништва и врши извоз на своите производи во 50 земји ширум светот.
NOBEL ILAC Sanayii ve Ticaret A.Ş - Претставништво Скопје, распишува оглас за вработување, се бара:
 
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК 
1 (еден) извршител
 
Реон – Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Ресен
 
Опис на работни задачи:
  • Секојдневни посети на лекари и фармацевти во местото на работа
  • Дневно и неделно пишување на планови и извештаи за извршените задачи
  • Групни презентации, службени патувања, учество на конгреси, семинари и симпозиуми
 
Потребни квалификации:
 
  • ВСС од областа на фармацевтски, медицински или стоматолошки факултет 
  • Високо развиени вештини за комуникација и преговарање
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point)
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.
Професионални способности и вештини:
  • Да поседува висок личен интегритет
  • Напредни продажни вештини
  • Способност за самостојно и независно работење
  • Способност за справување со стресни и конфликтни ситуации
  • Организациски и комуникациски способности
  • Работа во тим
  • Прецизност, точност, аналитичен пристап во работењето
  • Деловен и професионален однос
Наша понуда:
  • Плата + бонуси
  • Обезбедено службено возило
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:30 до 16:30 часот.
 
Доколку објавената позиција ја сметате за добра можност за Вашиот професионален развој, Ве молиме да испратите мотивациско писмо и професионална биографија/CV со слика, најдоцна до 30.04.2018 година., преку полето Аплицирај. Документите ќе бидат разгледани во полна дискреција.
 
*Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
 
Во очекување сме на Вашите апликации!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде