Vrabotuvanje.com - Електро Техничар - Скопје - СКОЛЕКС ДОО Илинден - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро Техничар

Скопје

Рок за пријавување:

  • СКОЛЕКС ДОО Илинден - Скопје
 
Трговското друштво СКОЛЕКС ДОО Илинден - Скопје е генерален увозник, дистрибутер и сервисер на ел. апарати за во кујна од брендовите FABER, EUROLUX, LINO за Р. Македонија, и распишува оглас за вработување на:
 
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР
Сервисер на ел. апарати за домаќинство
 
 
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 
  • ССС;
  • Поседување на вештини за планирање, организација и одговорност;
  • Предходно работно искуство во сервисирање на ел. Апарати за домаќинство;
  • Познавање на работа со компјутер;
  • Поседување на возачка дозвола за Б категорија; 
 
Личен профил:
  • Ориентираност кон корисниците, трудољубивост, совесност и предаденост во работата;
  • Одлични комуникациски способности, љубезност, прецизност;
  • Лојалност, иницијативност и позитивен став
  • Тимски работник
 
Одговорности, задачи:
  • Навремено услужување на клиентите во сервисирањето.
  • Работа со документи поврзани со секојневното функционирање.
  • Континуирано учење на називите на артиклите кои се сервисираат и оквирно запознавање со техничките карактеристики на производите.
  • Други работни задачи поврзани со секојневното функционирање при сервисирањето на артиклите
 
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија со назнака: “ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР – сервисер на ел. апарати за домаќинство”.
 
Огласот е активен 30 (триесет) дена од објавувањето.
 
 
Општи правила за аплицирање:
  • Ве молиме без телефонски јавувања!
  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во СКОЛЕКС ДОО или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде