Vrabotuvanje.com - ТК МОНТЕР - Скопје - Кодар Инженеринг
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Кодар Инженеринг

Кодар Енергомонтажа Д.О.О. Белград e компанија специјализирана за изведување на работи во следниве области:проектирање и изградба на далеководи и трафостаници за сите напонски нивоа (10-400 kV), проектирање и изградба на телекомуникациски системи во фиксната и мобилна телефонија, производство на челична конструкција за потребите во енергетиката и телекомуникациите. 
 
Повеќе од 700 вработени се грижат, компанијата секогаш да има конкурентска предност во комплексното глобално опкружување и со современи принципи на работење да обезбеди ефикасно и ефективно завршена работа која води до задоволен клиент.
 
Поради зголемување на обемот на работите потребни ни се нови колеги на работно место:
 
ТК МОНТЕР
 
 
Задачи за работното место:
  • Искуство во изградба на локации за мобилната телефонија
  • Искуство во работа на висина
Потребно:
  • Средно образование, минимум IV степен – предност техничко образование
  • Подготвеност за работа на терен
  • Возачка дозвола, Б категорија,  активен возач
  • Искуство за работа на висина минимум 1 година
На вработените им нудиме:
  • Работа во креативно и динамичко опкружување
  • Стабилно работно опкружување
  • Можност за професионален и личен развој
  • Интервенции на терен (подрачје Источна и Западна Европа)
  • Можност за меѓународна кариера за вистинскиот кандидат
  • Интензивен период на воведување во работите којшто на најдобар можен начин ве подготвува за извршување на работните задачи
 
Пријавите испратете ги најдоцна до 31.05.2018 година, електронски преку полето Аплицирај.
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите коишто ќе влезат во потесниот круг на избор.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде