Vrabotuvanje.com - Административен работник - Скопје, Визбегово - Анекс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен работник

Скопје, Визбегово

Рок за пријавување:

  • Анекс
  • Адреса: ул.2 бр.153 Визбегово, 1000 Скопје
  • Веб: http://www.anex.com.mk

Анекс е фирма за дистрибуција на производи за широка потрошувачка. Нашите партнери се меѓународни и домашни компании на кои сме им се докажале како квалитетен соработник. Со пратење на модерните трендови во трговијата и прометот на производи за широка потрошувачка, ориентирани сме на принципот активна комерцијала на терен и брз превоз на производите до купувачот. Со вкупно 38 вработени, ја покриваме целата територија на Р.Македонија. Ланци, хипермаркети, супермаркети, помали дуќани, трговци, аптеки се најважните канали за продажба на нашите производи и со самото тоа се наш фокус.
 
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:

 

Административен работник

 

Потребни квалификации:

  • ССС или ВСС ( завршен економски факултет ќе се смета за предност)
  • Искуство (3-5 години) и познавање на материјално и финансиско работење
  • Познавање на Англиски јазик
  • Работа на MSOffice и интернет
  • Како предност ќе се смета работно искуство во дистрибутивна фирма

 

Одговорности и задачи:

  • Административна евиденција
  • Прием и проследување на документи
  • Пошта и ел.пошта
  • Комуникација со странки
  • Фактурирање, уплати, електронски уплати
  • Изработка на извештаи, патни налози
  • Водење на благајна
  • Закажување на состаноци

 

Вашата кратка биографија испратете ја користејќи го полето Аплицирај.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор на селекција.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде