Vrabotuvanje.com - Sales Account Manager - Скопје - Nova Office
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Nova Office
Nova Office, како брзорастечка и иновативна компанија која нуди канцелариски решенија (www.novaoffice.mk), нуди вработување на следната позиција: 
 
SALES ACCOUNT MANAGER
 
Како иден акаунт менаџер, ќе бидете обучени, а потоа и вклучени во процес на продажба на деловни корисници, претпријатија, кои имаат потреба од нашите производи и услуги. Работата ќе ја изведувате во нашите канцеларии, со посети на потенцијални клиенти заради одржување деловни состаноци. 
 
За подеталани информации посетете ја страната www.novaoffice.mk 
 
Краток опис на активностите:
Користење постоечка мрежа од контакти за создавање нови деловни контакти
Анализа на постоечките клиенти
Одржување состаноци со потенцијални клиенти
Креирање и управување со портфолио од клиентите
Одржување и продлабочување на односите со клиентите
Достигнување продажни цели
Справување со сите аспекти на продажна кампања 
Административни активности (деловна коресподенција, извештаи)
 
Потребни вештини:
Самодоверба, тактичност и убедливост 
Желба за работа
Комуникациски вештини 
Преговарачки вештини
Организациски вештини
Професионален однос кон работата, клиентите и членовите на тимот
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на Microsoft Office апликации
 
Документи за аплицирање:
CV (со вметната фотографија)
Мотивационо писмо
 
Аплицирање:
1. Документите за аплицирање треба да ги доставите по е-пошта преку полето Аплицирај, не подоцна од 15 дена од денот на објавувањето на ова известување.
2. Избраните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју во термин кој дополнително ќе биде утврден на кој ќе добиете детален опис на активностите кои ќе Ви бидат доверени како и процедурите кои ќе треба да ги следите.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде