Vrabotuvanje.com - Технички специјалист за безбедносни системи - Скопје - НЛБ Банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Технички специјалист за безбедносни системи

Скопје

Рок за пријавување:

  • НЛБ Банка АД Скопје

 

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. 

За потребите на нашите безбедносни служби бараме кандидат за следната атрактивна работна позиција:
 
Технички специјалист за безбедносни системи
 
Главна цел на работното место е инсталација, одржување и контрола на техничките безбедносни системи (видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап)
 
Улога во тимот:
  • Одржување и контрола на системите за техничко обезбедување (со главен фокус на системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап); 
  • Спроведување на процедурите и упатствата на безбедносните системи на Банката
  • Координација и контрола на надворешни добавувачи на технички и безбедносни услуги; 
  • Планирање и организација на превентивни и вонредни мерки за одржување
  • Анализа и известување за користењето на системите 
  • Администрирање на профилите на корисниците на техничките безбедносни системи.
Потребни квалификации и компетенции: 
  • Техничко образование од областа на електро-техниката / електроника:

       - Електро-техничар (средно стручно образование) со најмалку 5 години соодветно работно искуство 

       - Инженер по електро-техника / електроника со најмалку една година соодветно работно искуство

  • Соодветно работно искуство за оваа позиција се смета инсталација / одржување на алармни системи, системи за видео надзор и друга безбедносна опрема 
  • Напредни технички познавања од системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап.
  • Англиски јазик на најмалку средно ниво, стручен технички јазик 
  • Аналитичност и темелност во работењето, способност  за идентификација на проблеми и нивно решавање
  • Афинитет кон безбедносни системи
Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:
  • Работното место нуди предизвик за работа со софистицирани технички системи за поддршка на безбедноста на Банката
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето
  • Можности за обука и кариерен развој
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци
 
 
Заинтересираните кандидати своите податоци можат да ги достават на следниот линк најдоцна до 25.05.2018 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде