Vrabotuvanje.com - Продажен персонал - Охрид - Охрид - Sara Fashion
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продажен персонал - Охрид

Охрид

Рок за пријавување:

  • Sara Fashion

Друштвото ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ постои од 1999 година. Сопственик е на ланецот продавници Сарафешн во Македонија и Србија и официјален застапник за брендот Пенти  во Македонија. 

ДЕ-ТА е лидер во регионот по снабденост со чорапи, хулахопки и долна облека.
  
Посветени сме на развој, наградување и на задржување на своите вработени и за таа цел компанијата обезбедува структуирани процеси, процедури, ресурси и работно опкружување кои ќе го извлечат најдоброто од Вас. 

ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ објавува оглас за

Продажен Персонал - Охрид

 

Потребни квалификации:

  • Минимум cредно образование
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција од минимум една (1) година

Одговорности и задачи:

  • Продажба на производите
  • Административни активности поврзани со процесот на продажба
  • Извршување на работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место

Способности и професионални вештини:

  • Изразени комуникациски способности
  • Желба за учење и надградување на индивидуалните способности
  • Подготвеност за тимска работа и работа во динамична работна атмосфера.
  • Познавање на работа со MS Office (MS Word, MS Excel)
  • Основно познавање на англиски јазик

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија, користејќи го полето Аплицирај со назнака за позицијата “Продажен Персонал”

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни!

Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде