Vrabotuvanje.com - Машински оператор на нумеричка машина (CNC) - Скопје - ВАБТЕК МЗТ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински оператор на нумеричка машина (CNC)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАБТЕК МЗТ

 
ВАБТЕК МЗТ е светски познат производител на системи за сопирање на шински возила и дел од глобалната мултинационална Wabtec корпорација со седиште во САД. Веќе шест децении нашите иновативни решенија со најсовремена технологија обезбедуваат сигурност во транспортот на луѓе и стоки низ целиот свет. 
 
За потребите на Секторот за производство нудиме можност за ангажирање на определено време на кандидат за позицијата
 
Машински оператор на нумеричка машина (CNC)
 
Основни задолженија и одговорности:
  • (обработка на комплексни метални делови за сопирачки системи)
  • Нагодување и управување на нумерички струг и/или нумерички центар (ЦНЦ машини)
  • Подготовка на парчиња за обработка, ставање, следење на обработка, контрола на процесот
  • Контрола на квалитет на обработените парчиња
Квалификации и компетенции:
  • Стручно образование од машинска струка (машински техничар или универзитетска диплома од машинство)
  • Одлично познавање на функциите на нумеричките машини и процесите на обработка со режење
  • Читање и примена на техничка документација (технички цртежи и технологии) на напредно ниво
  • Основи на мерење и контрола на квалитет
  • Основно познавање на англиски јазик.
Кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат тестирани за: читање и примена на техничка документација, основи на машинска обработка и практична работа на ЦНЦ машина.
 
Што нудиме?
  • Предизвикувачко и технолошки напредно работно опкружување во меѓународна компанија
  • Можност за професионален развој во согласност со високи меѓународни стандарди за квалитет
  • Конкурентен надомест
Вашата апликација (мотивациско писмо, CV и препораки) со назнака „ЦНЦ оператор“ испратете ја преку полето Аплицирај
најдоцна до чатврток, 31.05.2018.
 
 
 
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. 
Вабтек МЗТ е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде