Vrabotuvanje.com - Оператор во контакт центар - Скопје - ЕОЅ Матрих
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор во контакт центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕОЅ Матрих
 
ПРИДРУЖИ СЕ НА УСПЕШНИОТ ТИМ на позиција
 
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
Оперативен оддел
 
ЕОЅ Матрих е дел од групацијата ЕОS, водечка финансиска компанија во Европа и експерт во областа на наплата и откуп на побарувања. ЕОЅ е компанија присутна во 26 земји во светот, со околу 7,000 вработени и насекаде во светот нуди еднакви можности за вработување и обука.
 
Нашиот оператор во контакт центар:
  • Телефонски посредува во наплата на побарувања во име на клиентите на ЕОЅ;
  • Дава дополнителни информации за можностите и начините за плаќање;
  • Ја следи и мониторира реализацијата на договорената динамика за плаќање;
  • Спроведува апликативни стратегии за наплата;
  • Реализира дефинирани таргети.
 
Кандидатот што го бараме:
  • Има завршено минимум средно образование (високо образование ќе се смета за предност);
  • Одлично работи со компјутери и софтверски апликации;
  • Течно, јасно и прецизно говори македонски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност);
  • Е енергичен, проактивен и со позитивен став кон работата.
 
Придобивки:
  • Работа во интернационална компанија со препознатлива корпоративна култура;
  • Одлична работна атмосфера и меѓучовечки односи;
  • Можност за напредување и сопствена реализација.
 
Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите биографии најдоцна до 22.06.2018 преку полето Аплицирај.
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде