Vrabotuvanje.com - Ракувачи со градежни машини - Скопје - Градежен Институт Македонија АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ракувачи со градежни машини

Скопје

Рок за пријавување:

  • Градежен Институт Македонија АД-Скопје

 

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, како една од водечките градежни компании со долгогодишна традиција и лидер во обезбедување специфични услуги во градежништвото објавува

О Г Л А С
ЗА РАБОТНО МЕСТО

Ракувачи со градежни машини

4 (четири) извршители

 

  • Работниот однос се заснова на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.
Неопходни компетенции:
  • средно образование 
  • со или без работно искуство (предност ќе имаат кандидатите со работно искуство)
  • поседување на возачка дозвола Б категорија

Потребни способности и вештини:

  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови

Клучни одговорности и задачи:

  • Ги извршува сите работи предвидени за соодветната машина со упатството и се грижи за редовно работење и функционирање на машината, како и редовна промена и контрола на уље, филтри, систем за ладење, мерни инструменти, подмачкување, чистење, притегнатост на одредени склопови, делови и друго и е одговорен за нивна доследна примена;
  • Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на градежната машина со која е задолжен;
  • Редовно ја проверува машината пред нејзиното стратување и ги пријавува настанатите штети и недостатоци до Раководителот на објектот
  • Учествува во постапка на дефектажа на дефектите и нивно ефикасно отстранување и поправка.

Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот. 

Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок). 

 

Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, потврди, сертификати и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку полето Аплицирај.

Телефон за контакт 02/3091-945

Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 

Апликациите без назнака и без потребните документи нема да бидат разгледани.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде