Vrabotuvanje.com - Монтер за изведба на подни облоги - Скопје - ASPROM
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Монтер за изведба на подни облоги

Скопје

Рок за пријавување:

  • ASPROM

 
Вработување.ком, за потребите на свој клиент, компанијата АСПРОМ од Скопје со дејност завршни работи во градежништво / монтажа на подни облоги, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за позицијата:
 
 
Монтер за изведба на подни облоги (3 работни места)
 
 
Монтерот работи во насока на целосна подготовка и реализација на монтирање на подни облоги на градежни објекти кои се клиенти на компанијата.
 
 
Главни одговорности и обврски:
  • Реализација на зададените планови за имплементација - монтирање на подни облоги по објекти
  • Склопување на подсклопови и склопови за подни облоги
  • Подготовка на позициите за монтажа, визуелна контрола на површини
  • Рачни операции на монтажа или монтажа со специјални алати 
  • Демонтажа, повторна монтажа и испитување на позиции за монтирање на површините во објектите.
 
 
Потребни способности и вештини: 
  • Средно стручно образование (пожелно техничка струка)
  • Искуство во монтирање на подни облоги ќе се смета за предност
  • Читање и примена на технички цртежи 
  • Основи на мерење и контрола на квалитет.
 
 
Ние нудиме:
  • 15.000 денари минимална почетна нето плата
  • Доплата за прекувремени работни часови
  • Службен телефон
  • Користење на службено возило за потребите на работењето
  • Исплата на К-15 и сите останати надоместоци според Закон
  • Право на платен годишен одмор
  • Платени трошоци за храна и работа на терен
 
 
Ве покануваме за дополнителни прашања и интерес за аплицирање на позицијата да не контактирате преку полето Аплицирај,
со назнака “ Монтер на подни облоги” најдоцна до 22-ри јули 2018.
 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде