Vrabotuvanje.com - Пожарникар - Скопје - ТАВ Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТАВ Македонија

 

ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. 
 
ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата
 
ПОЖАРНИКАР
 
 
 
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
  • Обезбедување од пожари на воздухопловите и објектите на аеродромот; 
  • Контрола на сите места во објектите, а посебно местата каде што постои опасност од избувнување на пожар;
  • Познавање на сите насоки, патишта на движење и излези во случај на активирање на Планот за Евакуација на Аеродромот; 
  • Редовна контрола на ПП опрема и средствата за гаснење на пожар и спасување и одржување во исправна и мобилна состојба;
  • Познавање и соодветна употреба на средствата за гаснење на пожар кои се наоѓаат во ПП возилата, како и оние кои се наоѓаат во објектите;
  • Активно учество во изведувањето  на теориската настава и практичните вежби, поради континуирано одржување и усовршување на стручната и психофизичката способност потребна за работа во Секторот за ППЗ;
  • Надзор на платформа при полнење на воздухопловите со гориво и при влегување и излегување на патниците од воздухопловот, а воедно и редовно одржување во чиста и уредна состојба на ПП возила, ПП опремата, гаражите, просториите и кругот на Секторот за  ППЗ.
 
 
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ:
  • Средно Образование  (IV степен) 
  • Возачка дозвола – Ц и Д категорија (предност ќе имаат кандидати со повисока категорија на дозвола)
  • Сертификат за професионален пожарникар 
  • Сертификат за познавање на Англиски јазик - мин. ниво А2 
  • Најмалку 2 години работно искуство 
 
 
ВЕШТИНИ:
  • Одлично планирање и организација
  • Тимска работа
  • Комуникациски вештини
  • Добро познавање на процедури и прирачници од областа
  • Следење на текот на трендовите и иновациите во областа и вложување во сопственото знаење
 
 
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
 
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Аплицирај
 
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
 
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде