Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - dssmith
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • dssmith

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во четири дивизии: амбалажа, рециклирање, пластика и хартија.
 
Со тим од над 22.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
 
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
 
 
DS Smith Скопје вработува:
Сметководител
 
 
 
Потребни квалификации:
  • Високо образование – Економски факултет
  • Минимум 3-5 години работни искуство на иста или слична позиција
  • Активно користење на англиски јазик
  • Напредно користење на компјутер – MS Office
  • Уверение за овластен сметководител
  • Познавање и работа во SAP систем ќе се смета за предност
 
 
 
Способности и вештини:
  • Оргнизациски и аналитички способности
  • Одлични комуникациски способности
  • Проактивност и насоченост кон резултати
  • Мотивирана и стабилна личност
 
 
Одговорности:
  • Евиденција и обработка на влезна и излезна докуменатција во врска со финансиското работење на компанијата
  • Подготовка на финасиски буџет
  • Подготвување и реализирање на ДДВ пријави
  • Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења
  • Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
  • Изработка на извештаи и анализа на истите
  • Работа во SAP  систем
  • Следење и имплементирање на измени согласно законска регулатива
  • Изготвување на годишна сметка врз основа на локални и меѓународни сметководствени стандарди
 
 
Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија, во динамична атмосвера, со можност за персонален и професионален развој.
 
 
Сите заинтересирани кандидати кој ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Аплицирај не подоцна од 26.07.2018
 
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде