Vrabotuvanje.com - Техничко лице (хаусмајстор) - Скопје - Aleksandar Palace
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничко лице (хаусмајстор)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Aleksandar Palace

Хотелот Александар Палас е водечки хотел во Македонија во последните 20 години, располага со 135 климатизирани соби вклучувајќи и 22 апартмани: јуниор , егзекутив и претседателски апартман. Сите соби се комплетно опремени со: директна телефонска линија, 32” and 42” лед смарт ТВ (LED Smart TV), сателитска и кабловска ТВ, брз безжичен интернет, приклучок за интернет, мини-бар и сл.

Исто така, хотелот располага со модерен конгресен и банкет-центар, составен од мултифункционални конференциски сали со капацитет од 1800 седишта и 4 помали сали со целосна техничка опрема за бизнис состаноци.

Ресторанот „а ла кард“ и аперитив-барот нудат богат избор на национални и интернационални специјалитети и широк асортиман на висококвалитените локални вина на винарницата Сковин.

Во хотелот има СПА и фитнес-центар со современа опрема за фитнес, внатрешен базен, сауни, парна бања и џакузи. За љубителите на спортот хотелот поседува 6 тениски терени со тврда подлога (plexicushion) и 2 терени за кошарка.​

 

ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ (ХАУСМАЈСТОР)

 

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема 
  • Познавање во област од електрика,водовод, компјутери,
  • Со работно искуство
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на Англиски јазик 
  • Работа во две смени 

Личен профил:

  • Комуникативна, одговорна и лојална личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Тимски работник

Нудиме:

  • Редовна месечна плата
  • Редовно пријавени на полно работно време, социјално и здравствено осигурани 
  • Работа во компанија со над 20 години искуство 
  • Пријатна работна атмосфера 
  • Летен и зимски одмор 

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски преку полето Аплицирај.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде