Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - АГРО ЈУНИКОМ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • АГРО ЈУНИКОМ ДООЕЛ

 

АГРО ЈУНИКОМ ДООЕЛ – Скопје, е компанија со 28 годишно искуство во дејноста на земјоделието, која располага со повеќе големопродажни објекти како и земјоделски аптеки низ цела Македонија.

АГРО ЈУНИКОМ ДООЕЛ –Скопје, е стабилна компанија со над 150 вработени и има потреба да вработи искусна, амбициозна и самостојна личност на работно место:  

СМЕТКОВОДИТЕЛ
1 (еден) извршител

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • Високото образование е задолжително;
  • Претходно работно искуство во областа на сметководството на иста или слична позиција;
  • Предност е поседување на лиценца за сметководител или лиценца за овластен сметководител;
  • Напредно познавање на MS Office;
  • Одлично познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори);
  • Возачка дозвола Б категорија.

Одговорности и работни задачи:

  • Комплетно познавање на финансово и материјално сметководство;
  • Книжење на влезни и излезни документи, изводи, благајна итн;
  • Изготвување на фактури, приемници и испратници во материјално сметководство како и нивно книжење;
  • Изготвување на плати, камати и други неопходни пресметки;
  • Изготвување на други статистички извештаи за потребите на компанијата.

Личен профил:

  • Трудољубивост, совесност и организираност;
  • Комуникативност и љубезност;
  • Тимски работник;
  • Лојалност, иницијативност и позитивен став.

Ви нудиме:

  • Стабилна кариера
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим

 

Доколку сте заинтересирани испратете ја Вашата кратка биографија, преку полето Аплицирај, со назнака: “Сметководител”.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде