Vrabotuvanje.com - Менаџер - Скопје - Канела Прима
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Канела Прима

Канела приказната ја започнавме во 1991 година со силна желба да подготвуваме торти и колачи, по домашни рецепти, со најдобри состојки - онакви какви што правеле нашите мајки и баби. Вртејќи по бабините готвачи успешно ги претвораме нашите долго чувани семејни тајни во вкусни торти и колачи во кои и вие уживате денес. Употребата на здрави, вкусни и квалитетни состојки секогаш е наша определба. Така создаваме голем број на производи, погодни за секоја ваша пригода, расположение и годишно време...
 
Во моментов имаме потреба од вработување на

Менаџер

Опис на работна позиција:

Се бара менаџер со или без работно искуство, кој има силна желба и потреба за работа во фирма која долги години се занимава со слаткарство. Ќе го надгледува процесот на планирање, организација, квалитет и производство. Одржува фер и професионално работно окружување кое се фокусира на деловните цели. По потреба се вклучува во делот за продажба.
 
Потребни знаења и вештини:
  • Смирена, стабилна и одговорна личност
  • Комуникациски вештини со вработените и клиентите
  • Општи познавања на работа со компјутер
  • Пожелно е основно познавање на англиски јазик
  • Пожелно е да се има смисол за естетика и евентуално фотографија
 
 
Условите за работа се одлични, редовна исплата на плата со можност за прогресивно зголемување во согласност со остварените резултати.
Ве охрабруваме Вашето CV да го испратите преку полето Аплицирај.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде