Vrabotuvanje.com - Продажен консултант - Скопје - СКОЛЕКС ДОО Илинден - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продажен консултант

Скопје

Рок за пријавување:

  • СКОЛЕКС ДОО Илинден - Скопје

 
Сколекс Д.О.О. е генерален застапник за Македонија на  Лекс Групација која е интернационална компанија со 25 годишно постоење на пазарот и со специјализација во увоз и продажба на аспиратори, кујнски апарати за вградување и мијалници во Бугарија, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово. 
 
Сколекс Д.О.О. се грижи за формирање на широка дистрибутивна мрежа на партнери преку регионалната мрежа на продавници за уредување, водечките фирми за мебел и изложбените салони на територијата на целата земја.
 
Сколекс Д.О.О. се ориенирани кон вработување на таленти, негување на диверзитетни идеи, аспекти и култури кои водат до градење на подобри, иновативни и висококвалитетни услуги. 
 
 
Корпоративната визија на Лекс Груп се состои од развивање на одржливи, динамични и успешни бизнис цели кои се базираат на почитување на традицијата како и иновативна и компетитивна  понуда пласирана за Луксузни Ефективни Кујнски Системи. 
 
 
За потребите на компанијата се отвара оглас за работата позиција:
 
Продажен консултант
 
 
 
Цел на работна позиција:
Реализација и менаџирање со процесот на продажба во продажниот салон, креирање на стратешки партнерски односи со клиенти и грижа за реализирање на потребите на клиентите. 
 
Главни задачи и одговорности:
  • Проактивно планирање, организирање и мониторирање на целокупна активност во продажниот салон
  • Пречекување на клиенти и презентирање на перформансите и квалитетот на изложените продукти како и целата програма на Сколекс Д.О.О.
  • Одржување на уредноста и хигиената во продажниот салон
  • Одговорност за уредност и точност на касата 
  • Одговара за комплетно, точно и навремено извршување на сите работни активности
 
Потребни квалификации за работното место:
  • Завршено Средно стручно образование/ Високо стручно образование.
  • Минимум 1 година работно искуство во продажба. 
  • Одлично познавање на работа со компјутери (MS Office пакет и софтверска  програма)
  • Познавање на принципи на продажба.
  • Возачка дозвола Б категорија. 
 
Посакувани компетенции: 
  • Комуникативни вештини. 
  • Продажни вештини. 
  • Вештини за планирање и организирање. 
  • Тимска работа. 
  • Способност за решавање на проблемски ситуации. 
  • Ориентираност кон клиенти. 
  • Ракување со фискален апарат.  
 
 
Можности/ работни услови кои што ги нуди компанијата:
  • Можност за работа во мултикултурна средина.
  • Кариерен и професионален развој и учење.
  • Месечни примања со бонусна политика на наградување. 
  • Потребна опрема/ алатки за работа.
  • Стимулативна и соработлива работна средина.  
  • Можност за обуки во Бугарија и Италија 
 
 
Доколку сте во потрага по работа во високо стимулативна средина со можности за професионален развој и учење во сферата на продажба и сте ориентирани кон збогатување на искуството во градење на партнерски односи со клиенти, пријавете се преку полето Аплицирај.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде