Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за продажба - Струмица, Битола - КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен соработник за продажба

Струмица, Битола

Рок за пријавување:

  • КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

 

Почни да работиш за иднината – ДЕНЕС!

​КБ Прво пензиско друштво АД Скопје има потреба од вработување на 2 (две) лица:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА

 

Опис на работните обврски:

  • Продажба на задолжително и доброволно пензиско осигурување и претставување на задолжителното и доброволното пензиско осигурување и на Друштвото на терен
  • Подготовка на документацијата за презентација на доброволното пензиско осигурување во компаниите, 
  • Контактирање на потенцијални клиенти и закажување на состаноци
  • Склучување на договори за членство, професионални пензиски шеми и договори за исплата на средства 
  • Подготовка, организација и реализација на промотивни активности
  • Известување на претпоставениот за сите продажни активности

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование
  • Упишан во Регистарот на агенти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)
  • Да поседува возачка дозвола Б категорија; 
  • Предност имаа кандидатите со искуство во областа на финансии, осигурување

Заради исполнување на условот - кандидатот да е упишан во Регистарот на агенти во МАПАС Друштвото распишува оглас за пријавување на кандидати кои ќе полагаат испит за агент за вршење на работи на маркетинг и продажба на задолжително и доброволно капитално пензиско осигурување

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите кои ќе полагаат испит: 

  • Државјанин на Република Македонија; 
  • Завршено минимум средно образование; 
  • Да не е вработен во: Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за јавни приходи и агенции за привремени вработувања; 
  • Со правосилна одлука да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната; 
  • Да има живеалиште во Република Македонија - во регионот на Струмица, Битола и околината. 

Испитот за стекнување на својство на агент го организира и спроведува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. 

Документацијата за пријавување на кандидати за испит:

  • Изјава за живеалиште на кандидатот;
  • Фотокопија од Уверение за државјанство на кандидатот;
  • Фотокопија од диплома за завршено образование;
  • Оригинал уверение за неизречена прекршочна санкција - забрана за вршење дејност што го издава надлежниот Суд или Ценрален регистар на Македонија;

Наведената документација треба да се достави на барање на Друштвото најдоцна до 28 септември 2018 г.

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, имате комуникативни способности, доколку сте амбициозни, посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати пратете ја вашата лична биографија, најдоцна до 24.09.2018 година.
За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со КБ Прво пензиско друштво: contact@kbprvo.com.mk
или на тел. 02 /32 43 777
​Лице за контакт: Сунчица Нешовска

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде