Vrabotuvanje.com - Административен асистент - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Административен асистент.

 

Административен асистент


Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија.


Позицијата вклучува:

  • Евиденција, архивирање на документи и водење општи административни работи
  • Подготвување на целокупна документација и поднесоци до институции
  • Набавки на канцелариски материјали, канцелариска опрема, средства за хигиена и кујна
  • Обезбедување фактури и нивно навремено плаќање
  • Учество во креирање огласи, селекција и регрутација на вработени
  • Пријава, одјава на вработени, подготовка на документи за вработени
  • Организација на состаноци и настани за компанијата (службени патувања итн.)
  • Прво точка на комуникација со надворешни соработници, услужување за време на состаноци
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Генерален директор и Менаџер на администрација
  • Работно време: понеделник – петок 08.00 – 16.00 часот


Профил на кандидат:

  • Минимум 1 година работно искуство во администрација/човечки ресурси
  • Познавање на позитивното законодавство од областа на работни односи
  • Задолжително одлично познавање на англиски јазик и MS Office, Outlook
  • Вештини со управување бази на податоци и чување на документи
  • Способност за работа со голем обем на информации во динамично опкружување
  • Подготвеност за работа во куси рокови
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
  • Комуникативност и доверливост
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати


Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија


Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде