Vrabotuvanje.com - Административен секретар - Скопје - АДРИАМЕД ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен секретар

Скопје

Рок за пријавување:

  • АДРИАМЕД ДОО

АДРИАМЕД ДОО е основана во 1993 година и својот конечен облик како веледрогерија го добива на 14 Мај 1998 година.

Основната дејност на фирмата е големопродажба и пласман на дијагностички реагенси и сервисна поддршка  на дијагностичка опрема за лаборатории во јавните, приватните и здравствени установи.
 
АДРИАМЕД ДОО е официјален и единствен претставник и дистрибутер за Република Македонија за Roche Diagnostics (професионална дијагностика), Roche Diabetes – Basel, Nihon Kohden – Japan, Ameda Labordiagnostic GmbH – Австрија, UEBE- Германија.

АДМИНИСТРАТИВЕН СЕКРЕТАР

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Спроведување административни активности, грижа за непречено фукнкционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење;
  • Водење на деловодна книга, прием на пошта, архивирање, дистрибуирање, скенирање, копирање;
  • Набавка на канцелариски материјали;
  • Прибирање понуди од добавувачи;
  • Организирање патувања/хотелски сместувања за вработените
  • Организирање состаноци, водење и дистрибуирање записници
  • Превод на документација и коресподенција со странство
  • Останата административна поддршка предвидена со опис и попис на работното место

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Развиени способности за тимска работа;
  • Развиени комуникациски вештини;
  • Организираност, аналитичност и флексибилност;
  • Способност за работа во динамично опкружување и работа со крајни рокови;
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци,
  • Проактивност
  • Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook);
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
  • Предност ќе имаат кандидатите на возраст до 30 години;
  • Завршено релевантно Високо образование – предност: Филолошки факултет;
  • Поседување на возачка дозвола – Б категорија, активен возач;
  • Претходно работно искуство во интернационална компанија​

​Работниот однос ќе се заснова на определено време со можност за продолжување на неопределено​

Работно време и место: oд понеделник до петок од 7:30 до 15:30, во деловните простории во Скопје

 
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете Ваша апликација со Професионална биографија електронски преку полето Аплицирај.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде