Vrabotuvanje.com - Сервисер на лабораториска опрема - Скопје - АДРИАМЕД ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервисер на лабораториска опрема

Скопје

Рок за пријавување:

  • АДРИАМЕД ДОО

АДРИАМЕД ДОО е основана во 1993 година и својот конечен облик како веледрогерија го добива на 14 Мај 1998 година.

Основната дејност на фирмата е големопродажба и пласман на дијагностички реагенси и сервисна поддршка  на дијагностичка опрема за лаборатории во јавните, приватните и здравствени установи.
 
АДРИАМЕД ДОО е официјален и единствен претставник и дистрибутер за Република Македонија за Roche Diagnostics (професионална дијагностика), Roche Diabetes – Basel, Nihon Kohden – Japan, Ameda Labordiagnostic GmbH – Австрија, UEBE- Германија.

Сервисер на лабораториска опрема

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Сервисирање на опрема што ја пласира Друштвото на пазарот во РМ
  • Сервисна поддршка за непречено функционирање на апарати 
  • Инсталација на опрема
  • Oбука на персоналот за работа со опремата 
  • Техничка и апликативна поддршка за непречено функционирање на апаратитe (on-line или во просториите на крајниот корисник)
  • Пласирање нарачки на резервни делови
  • Прием и сортирање на резервни делови во магацин
  • Работи со програм за евидентирање на сервисни активности (HELIX) 
  • Водење евиденција за редовни, полугодишни и годишни сервиси на инсталираната опрема
  • Дополнителни работни обврски предвидени со описот и пописот на работното место​

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Развиени способности за самостојна и тимска работа
  • Развиени комуникациски вештини
  • Работа под притисок, одговорност
  • Организираност, аналитичност упорност и енергичност
  • Способност за работа во динамично опкружување и работа со крајни рокови
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци
  • Проактивност​
  • Соодветно средно стручно образование или високо образование (Електротехнички науки), високо образование ќе се смета за предност​
  • ​Претходно работно искуство со механички работи ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook)
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Предност ќе имаат кандидатите на возраст до 30 години
  • Поседување на возачка дозвола – Б категорија, активен возач​
     

Можност и спремност за службени патувања во земјата и странство

​Работниот однос ќе се заснова на определено време со можност за продолжување на неопределено​

Работно време и место: oд понеделник до петок од 7:30 до 15:30, во деловните простории во Скопје

 
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете Ваша апликација со Професионална биографија електронски преку полето Аплицирај.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде