Vrabotuvanje.com - Референт во финансии за денарски и девизни плаќања - Скопје - Пекабеско АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт во финансии за денарски и девизни плаќања

Скопје

Рок за пријавување:

  • Пекабеско АД

 
ПЕКАБЕСКО АД
Ул.10 бр.44 Кадино Илинден
АКO САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА УСПЕШНА КОМПАНИЈА
 
 
Производителот на сувомеснати производи и трговец на големо  со прехранбени производи ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на целите
Ви ja нуди слободнaвa работнa позициja:
 
Референт во финансии за денарски и девизни плаќања
 
 
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за дневно следење на денарски и девизни сметки и следење и навремена примена на законската регулатива во врска со денарските и девизните плаќања, изработка на дневни прегледи на  вкупни  обврски  кон  добавувачите во земјата и  во  странство, водење на целокупната процедура при земање на денарски и девизни кредити и нивно  сервисирање, водење  на  целокупна  процедура при  обезбедување на банкарски гаранции (денарски и девизни) и  акредитиви нивно следење (евидентирање по  банки) и  сервисирање на истите . Изготвување на неделни извештаи  за  сите  приливи  и  одливи  на  средства до  директори. За својата работа ќе известува  директор. 
 
 
Потребни квалификации: 
  • Економски факултет, ВСС
  • Работно искуство најмалку 2 години на бараната  позиција референт за девизни и денарски плаќања
  • Комуникација  со банки или друга финансиска институција
  • Познавање  на  платен промет во земјата и платен промет во странство (Е-банк)
  • Познавање од документарно банкарско работење и тоа работа со Банкарски гаранции (девизни и денарски) и акредитиви , термински  договори 
  • Познавање од депозитно и кредитно работење 
  • Одлично познавање на Microsoft Office апликациите
  • Познавање на англискиот јазик 
  • Основно познавање на сметководство 
  • Возачка дозвола Б категорија
 
Конкурентски предности:
  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички и, комуникациски и организаторски спосбности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност 
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми
 
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   
  • Мотивациско писмо 
  • Биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
 
Работниот однос е на одредено време 6 месеци ,работното време е понеделник – петок ,а неделното работно време изнесува 40 часа,избор ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување  во зависност од бројот на пријавените кандидати.
 
Висина на нето плата 22.000,00 денари
 
Напомена - молбите на кандидатите кои немаат работно искуство во струката нема да се разгледуваат.
Испратете го вашето CV (молба) преку полето Аплицирај
Апликациите да се достават заклучно со 20.10.2018 година.
Ќе бидат контактирани кандидатите кои ги задоволуваат критериумите.
 
Пекабеско АД
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде