Vrabotuvanje.com - Оператор во производство - Скопје - KEMET
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор во производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • KEMET

 

КЕМЕТ Електроникс Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти.
 
Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.
 
Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети  објавува оглас за две слободни работни места на позиција:
 
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
 
 
Одговорности
  • Ракување со сите релевантни машини, алати и опрема, извршување на сложени производствени задачи во согласност со инструкциите и стандардите на компанијата;
  • Поставување и прилагодување на опремата согласно спецификациите за производство;
  • Следење на квалитетот на производот, со цел навремено  да се идентификува, отфрли или спречи произведство на неисправни производи;
  • Изготвување на точни дневни извештаи за потребите на производство за да може континуирано да се анализираат перформансите;
  • Менторирање и обуки на помалку искусни работници со цел да  се овозможи правилно користење на опремата за производство како и решавање на тековни проблеми.
 
Барања, Вештини и Компетенции 
  • Завршено средно техничко образование;
  • Познавања од електроника, електрика или механика;
  • Претходно искуство во производство или со електроника  ќе се смета за предност;
  • Детално ориентиран и организиран во својата работа;
  • Способност за следење на работни инструкции;
  • Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност, независност, организираност и одговорност;
  • Организациски вештини и компетенции: способност за планирање и организирање на работата.
 
Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете апликација  (Професионална биографија), до 25.10.2018 година, со наслов Оператор во прпозводство / Вашето име и презиме на: macedoniacv@kemet.com
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. 
Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде