Vrabotuvanje.com - Декларанти - Скопје - Кам маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Кам маркет

КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и ниски цени.
Со препознатлива  мрежа од 70 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи.
 
 
Заради натамошен развој, компанијата има потреба од вработени за следната работна позиција:
 
ДЕКЛАРАНТИ
 
 
Потребни квалификации:
  • ССС (средно образование)
  • Минимално работно искуство;
  • Здрава личност; силна и издржлива во работите;
  • Брзо учење и познавање на артиклите во Магацинот;
 
Личен профил:
  • Води грижа за стоката во магацинот, при што материјално и финансиски одговара за истата;
  • Се грижи за роковите на употреба на стоката и нејзино навремено излегување според рокот на употреба, правилото ФИФО (прво влегува –прво излегува)
  • Контролира точни информации на декларацијата и пријавува до Раководителот на магацин за сите отстапки;
  • Го средува и чисти просторот  во магацинот  за нов прием на стока;
  • Одговорен е секој производ да биде обезбеден со потребната  декларација;
  • Води грижа за минимално кало и растур те оштетување на стоката;
  • Се грижи стоката секогаш да е подредена на соодветното место во магацинот;
  • Редовно по истек на работно време се чисти делот во кој се лепат декларациите
  • Ги извршува сите други работи од делокруг на своето работно место согласно укажаната моментална потреба, по налог на Претпоставениот или Работодавачот;
 
Ние нудиме:
  • Нето плата 13.500 денари 
  • Сите изработени прекувремени часови и работа на празник се исплаќа согласно Закон;
  • Пријатна работна атмосфера 
  • Регрес и платен одмор согласно Законсите нормативи
 
Молбите со фотографија, фотокопија од диплома за завршено образование, искуство и контакт телефон  да се испратат на следната адреса:  КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или преку полето Аплицирај
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде