Vrabotuvanje.com - Градежен инженер - надзор патишта - Скопје - Градежен Институт Македонија АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Градежен инженер - надзор патишта

Скопје

Рок за пријавување:

  • Градежен Институт Македонија АД-Скопје

Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.
 
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот 
 
ОГЛАС
ЗА РАБОТНО МЕСТО
 
1 (еден) дипломиран градежен инженер за вршење надзор во областа патишта со следниве,
 
Неопходни компетенции:
  • Високо образование ВСП (Градежен факултет со 240 или 300 ЕКТС),
  • Со работно искуство од 5 (пет) години 
  • Задолжително поседување на А овластување за надзор од КОАИ на Р.Македонија 
  • Познавање на англиски јазик, 
  • Работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office, Internet и Auto CAD,
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.
 
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.
 
Конкурентска предност за работната позиција:
  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности, и способност за работа со различни тимови
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење
  • Решавање на проблеми
 
Ние нудиме:
  • Можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за развивање
  • Учество во меѓународни проекти
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
 
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот. 
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок). 
 
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку полето Аплицирај
 
Телефон за контакт 02/3091-945
 
Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција. 
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци.
 
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде