Vrabotuvanje.com - Дистрибутер - Скопје - Скопје - СКОЛЕКС ДОО Илинден - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дистрибутер - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • СКОЛЕКС ДОО Илинден - Скопје

Сколекс Д.О.О. е генерален застапник за Македонија на Лекс Групација која е интернационална компанија со 25 годишно постоење на пазарот и со специјализација во увоз и продажба на аспиратори, кујнски апарати за вградување и мијалници во Бугарија, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово.
 
Сколекс Д.О.О. се грижи за формирање на широка дистрибутивна мрежа на партнери преку регионалната мрежа на продавници за уредување, водечките фирми за мебел и изложбените салони на територијата на целата земја. 
 
Визијата на Сколекс Д.О.О. е вработување на таленти и негување на диверзитетни идеи, перспективи и култури кои водат до градење на подобри, иновативни и висококвалитетни услуги. 
 
Корпоративната визија на Лекс Груп се состои од развивање на одржливи, динамични и успешни бизнис цели кои се базираат на почитување на традицијата како и иновативна и компетитивна понуда пласирана за Луксузни Ефективни Кујнски Системи. 
 
 
За потребите на компанијата се отвара оглас за работната позиција:
 
Дистрибутер
Реон: Скопје
 
 
Цел на работна позиција:
  • Подготовка и реализација на дистрибуцијата во зададен регион, креирање и одржување на стратешки односи со клучни клиенти преку градење на доверба и грижа за реализирање на потребите на клиентите. 
 
Главни задачи и одговорности:
  • Навремена подготовка и точност на информациите во однос на дистрибутивната документација
  • Одговорност за попис и утовар на артиклите за дистрибуција во согласност со документацијата/испратницата
  • Дистрибуција на производите во зададен регион
  • Одговорност за совесно, безбедно и уредно ракување со робата која се превозува и доставува
  • Пополнување на гаранции на артикли за клиенти, согласно предходно подготвената документација за достава
  • Одговорност за правилна употреба и одржување на алатите и опремата поврзана со дејноста
  • Одговорност за одржување на уредност, хигиена и исправност на возилото
 
Потребни квалификации за работното место:
  • Завршено Средно образование
  • Минимум 2 години работно искуство во дистрибуција 
  • Искуство во работа со документација (фактури, испратници, повратници)
  • Основно познавање на работа со компјутери
  • Возачка дозвола Б категорија. 
 
Посакувани компетенции: 
  • Комуникативни вештини
  • Вештини за планирање и организирање
  • Способност за решавање на проблемски ситуации
  • Ориентираност кон клиенти
 
Можности/ работни услови кои што ги нуди компанијата:
  • Можност за работа во мултикултурна средина
  • Кариерен и професионален развој и учење
  • Службен автомобил и потребна опрема/алатки за работа
  • Стимулативна и соработлива работна средина
 
Доколку сте во потрага по работа во високо стимулативна средина со можности за професионален развој и учење во сферата на продажба, преферирате работа на терен и сте ориентирани кон збогатување на искуството во градење на партнерски односи со клиенти, пријавете се преку полето Аплицирај
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде