Vrabotuvanje.com - Фармацевтски техничар - Скопје - Виола Аптекa
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Фармацевтски техничар

Скопје

Рок за пријавување:

  • Виола Аптекa

 

"Виола" Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Од своето основање во 1992 год., компанијата бележи континуиран развој. Визијата да понудиме комплетна услуга на граѓаните, ја реализиравме со фунцкионирањето на двете компании: "Виола" Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд.

Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на нашиот тим на фармацевти и доктори.

Повелете, ние сме тука да Ви помогнеме да живеете поздраво и поквалитетно!

Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:

Фармацевтски техничар

 

Потребни квалификации:

  • ССС медицинско училиште – отсек фармацевтски техничар (со уверение за положен стручен испит)
  • Претходно работно искуство во аптека од најмалку 1 година
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office

Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење
  • Развиени комуникациски вештини
  • Стручност и елоквентост
  • Диманичност и креативност
  • Организираност, самоиницијативност

Што нудиме:

  • Можност за професионален развој и надоградба
  • Солидни месечни примања + бонуси во согласност со постигнатите резултати

 

Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци, Ве покануваме да аплицирате.

Вашата Професионална Биографија (CV со задолжителна фотографија), доставете ја
користејќи го полето Аплицирај со назнака на апликацијата
„За оглас –  Фармацевтски техничар“.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде