Vrabotuvanje.com - Мрежен инженер - Скопје - КИНГ ИЦТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Мрежен инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • КИНГ ИЦТ ДООЕЛ

 
КИНГ ИЦТ е еден од водечките ИТ интегратори во регионот. Својата позиција на пазарот и развој ги градиме преку создавање на деловни вредности за нашите клиенти преку исклучително познавање на деловните процеси на своите корисници и широка палета на врвни експерти од областа на ИТ технологијата.
 
Во моментов имаме потреба од вработување 
 
Мрежен инженер (м/ж)
2 извршители 
 
 
 
Од кандидатите очекуваме:
  • Искуство во дизајн, имплементација, оптимизација и одржување на routing, switching, VPN, Firewalls, IDS, IPS, CCTV и IP системи за видео надзор
  • Искуство во дизајн, имплементација и одржување на виртуелни платформи и решенија (VMware ESX , Hyper-V,Oracle-VM) 
  • Дизајн, имплементација и корисничка подршка на дата центри
  • Асистенција при димензионирање и подготовка на мрежни и датацентар решенија
  • Идентификување и отстранување на ризици при подготвока на решенијата
  • Поддршка на тимовите за развој и продажба во сите фази на имплементација на проектот
  • Одржување и надградба на проектна документација (RFP, RFQ)
  • 2+ години работно искуство
  • Тимска работа и добри комуникациски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација)
  • Проактивен пристап кон работата
  • Посветеност кон работата, технолошка љубопитност и подготвеност за усовршување
 
Сертификати:
  • CCNA routing and switching
  • CCNA Security
  • Пожелно CCNP routing and switching и CCNP Security, VCP, MCSE
 
Прифатливи се еквивалентни сертификати од други брендови 
 
На кандидатите им нудиме:
  • Можност за континуирано стручно усовршување и професионален развој
  • Работа на големи и комплексни проекти
  • Работа во квалитетен и амбициозен тим на експерти
  • Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
  • Употреба на најмодерни информатички технологии
  • Можност за стекнување на искуство во различни национални и меѓународни проекти
  • Стимулативни примања
 

 

Својата Професионална биографија (CV), можете да ја испратите
користејќи го полето Аплицирај, со задолжителнa назнака "Мрежен инженер"

Рок за аплицирање 21 дена од денот на објава.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде